fbpx

Заев очекува долгот на државата кон стопанството да остане под 700 милиони евра

-

Премиерот Зоран Заев не очекува долгот на државата кон стопанството да стане поголем од 700 милиони евра.

– Сè уште се прават анализи. Стигнавме до ставка од 400 милиони евра. Сепак, не очекуваме долгот на државата кон бизнис-заедницата да надмине 700 милиони евра – рече Заев, пред бизнис-средбата со стопанските комори, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој рече дека инвеститорите кои ќе почнат гринфилд-инвестиција во Македонија ќе добијат поддршка и дека за сите ќе важат истите услови, без разлика дали инвеститорот е странски или домашен.

Прашан за работата на инспекциските служби, Заев рече дека нивната главна функција ќе биде превентивна, односно дека пред сè ќе издаваат предупредувачки мерки, наместо да казнуваат како што досега било практика.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...