понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: инвеститори | 41 резултати

Турските инвеститори сакаат да инвестираат во сточарството и текстилната индустрија

април 11, 2019

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан беше во работна посета на Турција каде што се сретнал со министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, министерката за трговија, Рухсар Пехџан и министерот за индустрија и технологија, Мустафа Варанк. „И покрај тоа што Република Турција е еден од најголемите инвеститори во нашава држава, се констатираше […]

Градежна комора: Не може да се понудат квалитетни станови по ниски цени

март 22, 2019

Цената на становите во иднина ќе се движи во нагорна линија и тоа зависи исклучиво од квалитетот на градбата, локацијата, инфраструктурата и поволниот деловен амбиент информираат од Градежната комора и додаваат дека трендот на пораст на трошоците за градежни материјали, но и за вработените во градежните компании се случува во континуитет. Од таму појаснуваат дека […]

ЕБРД со посилна поддршка за економиите во двете земји по ратификацијата на Договорот

јануари 29, 2019

Претседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Сума Чакрабарти упатил писмо со честитки до двајцата премиери, Зоран Заев и Алексис Ципрас за ратификацијата на Договорот од Преспа во парламентите на двете земји, оценувајќи го влегувањето во сила на овој важен Договор со преостанатите процедури, како важен влог во стабилноста и економските перспективи на […]

Странските инвеститори бараат политичка стабилност и не чести промени на законите

декември 12, 2018

Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија денеска го промовираште второто издание на „Бела книга 2018“, публикација во која се содржани препораки до македонската Влада како да се подобри деловната клима во државата. Странските инвеститори бараат политичка стабилност, предвидлива деловна клима, инвестиции во инфраструктурата и дигитализацијата, реформи во јавната администрација за нејзина поголема […]

Македонија на 10 место во светот во извештајот „Дуинг бизнис“ за 2019

октомври 31, 2018

Светска банка, во извештајот „Дуинг бизнис“ за 2019 година, ја рангира Македонија на високото 10 место во светот, односно на петто место во Европа според условите за водење бизнис во конкуренција од 190 земји, информираат од Министерството за финансии. Во однос на претходната година, позицијата на Македонија е подобрена за едно место. Министерот за финансии […]

Познатиот американски бренд за брза храна „КФЦ“ ќе отвори ресторани во Скопје и Тетово

август 14, 2018

Премиерот Зоран Заев синоќа се сретна со Фатмир Зимбери, сопственик на лиценцата за отворање на ресторани за брза храна на американскиот бренд „КФЦ“ (KFC – Kentucky Fried Chicken), на која беше најавено отворање на првите два ресторани, во Тетово и Скопје на 14 септември. Инвестицијата е вредна повеќе од 10 милиони евра и согласно подготвениот бизнис […]

Странските заинтересирани за соработка со домашните компании, но им треба поддршка

јули 9, 2018

Стопанската комора на Македонија ги споила домашните и странските компании кои би можеле да соработуваат, а најголем интерес за соработка пројавиле компаниите од автомобилската индустрија, информираше денеска Јадранка Аризанковска од Стопанската комора на Македонија. Таа додаде дека на домашните компании им треба поддршка и помош за градење капцитети за да може да се реализира соработката. Од комората […]

Воведена директна авионска линија Скопје – Варшава

јуни 1, 2018

Денеска се воспостави нова авиолинија Варшава – Скопје – Варшава која ја реализира „ЛОТ-Полиш ерлјанс“, шест пати неделно. Просечната цена на повратен билет изнесува 120 евра. Со оваа линија ќе се овозможи конекција од Варшава до повеќе дестинации во Источна и Западна Европа, Скандинавија, САД и Канада. „Со новата авиолинија Варшава – Скопје – Варшава создаваме […]

Анѓушев: Законот ќе обезбеди транспарентност во поддршката на компаниите

април 4, 2018

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев се обрати на седницата на Комисијата за економски прашања во Собранието, на која одговараше на прашања од пратениците за потребата од донесување на Законот за финансиска поддршка на инвестициите. „Законот претставува замена на нетранспарентната шема на државна помош со која во претходните години беа поддржани само 23 компании, а […]

Богов: Банките можат да ја поддржат економијата, потребни се добри проекти

март 5, 2018

Банкарскиот и финансискиот сектор се стабилни, така што банките се подготвени да испорачаат кредити, оцени гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов, по завршувањето средбата на Комитетот за финансиска стабилност. – Системските ризици се минимални и сето тоа упатува дека особено банкарскиот сектор е добро капитализиран, високо ликвиден и подготвен да ја поддржи македонската […]

Заев во Лондон учествува на инвестициски самит за Западен Балкан

февруари 26, 2018

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев денеска учествува на промоцијата на „Регионалната инвестициска платформа“ на инвестицискиот самит за Западен Балкан во организација на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), што денеска се одржува во Лондон. „Регионалната инвестициска платформа“, која ќе ја раководи секретаријатот на ЕБОР, има за цел да го интензивира интересот и приливот на странски […]

Анѓушев: Секој инвеститор ќе може да добие помош во висина до 50 отсто од инвестицијата

септември 4, 2017

Владата подготвува нов концепт за привлекување инвеститори, кој се очекува да биде презентиран во средината на септември, истакнал вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, на бизнис-форумот во Ерусалим. Тој концепт, како што истакнал, ќе обезбеди транспарентност и еднаков третман на странските и на домашни инвеститори со што позитивно ќе влијае на економскиот развој на земјата. „Освен основната поддршка, […]

Мицкоски: Инвеститорите ќе нè заобиколат поради објавување на висината на субвенциите

август 30, 2017

Владата на вчерашната седница донесе одлука за декласифицирање и за објавување на субвенциите што им се даваат на странските инвеститори во Македонија, потег кој ќе влијае на потенцијалните инвеститори и на нивните намери да дојдат во земјава да инвестираат, изјави денеска на прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој додаде дека не е никаква тајна, […]

Субвенциите за инвеститорите ќе зависат од висината на нето-платата, најави Анѓушев

јули 26, 2017

Субвенциите што странските инвеститори ќе ги добиваат од државата ќе зависат од висината на нето-платата што им ја исплаќаат на вработените, најави денеска вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. Тој изјави дека сите инвеститори досега имале два договора, од кои едниот бил за инфраструктура, односно за добивање земјиште и за градење хала, додека вториот договор бил за доделување […]

Заев очекува долгот на државата кон стопанството да остане под 700 милиони евра

јули 19, 2017

Премиерот Зоран Заев не очекува долгот на државата кон стопанството да стане поголем од 700 милиони евра. – Сè уште се прават анализи. Стигнавме до ставка од 400 милиони евра. Сепак, не очекуваме долгот на државата кон бизнис-заедницата да надмине 700 милиони евра – рече Заев, пред бизнис-средбата со стопанските комори, одговарајќи на новинарско прашање. Тој […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ немаат легитимитет да зборуваат за цената за еврообврзницата

јуни 21, 2017

„СДС немаат легитимитет да зборуваат за цената која ја плаќаат за еврообврзницата. Поради нивната антидржавна политичка кампања што ја водеа минатата година, сега граѓаните плаќаат 20 милиони евра повисока камата“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Министерство за финансии. Од партијата додаваат дека „пазарот на пари беше и тогаш и сега ликвиден, […]

Техничката влада на Димитриев се спрема за издавање на нова еврообврзница оваа есен

април 26, 2017

Актуелната власт размислува и презема подготвителни активности за издавање на нова еврообврзница во четвртиот квартал од годинава, за да ги отплати долговите кои достасуваат за наплата идната година, извести деловниот информативен сервис „Интелињус“ (Intellinews), повикувајќи се на извори од австриската банка „Рајфајзен“. Ако новата еврообврзница биде издадена, се вели понатаму во веста, најкраток можен рок на […]

Министерство за финансии: Намалена каматата на хартиите од вредност

јануари 10, 2017

И покрај политичката пропаганда на СДСМ, кој настојува да ги прикаже државните хартии од вредност како нешто ненормално во јавноста, иако самите ги воведоа, довербата на инвеститорите во економските политики е огромна, што продонесе за намалување на каматата на државните хартии од вредност, се вели во реакцијата на Министерството за финансии на соопштението на СДСМ […]

Вучиќ даде отчет за работењето по повод 100 дена од формирањето на српската Влада

ноември 19, 2016

По повод 100 дена од формирањето на Владата на Србија, српскиот премиер Александар Вучиќ, изјави дека оваа држава може да се пофали дека ги сочувала економската и политичката стабилност како и добрососедските односи, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. „Србија е стабилна и е на добар пат економски да напредува,“ изјавил Вучиќ на прес-конференција на […]

Во септември издадени 297 одобренија за градење

ноември 11, 2016

Во септември се издадени 297 одобренија за градење, односно за 6 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.088.315.000 денари, што е за 21,7 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија […]

Страна 1 од 2