fbpx

Турските инвеститори сакаат да инвестираат во сточарството и текстилната индустрија

-

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан беше во работна посета на Турција каде што се сретнал со министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, министерката за трговија, Рухсар Пехџан и министерот за индустрија и технологија, Мустафа Варанк.

„И покрај тоа што Република Турција е еден од најголемите инвеститори во нашава држава, се констатираше дека сточарството, текстилот и технологијата се области кои се од интерес за нови инвеститори. Разгледана беше опцијата на извоз на јагнешко месо, кое е споменато и претходно. Министерот Хасан ги презентираше тековните услови за инвестирање, потенцијалните проблеми и нивните решенија“, се вели во соопштението од Влада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од Макрон е креирана со вештачка интелигенција

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а...