Заев: Не сакаме во НАТО за да напаѓаме, туку заради мир во светот


       
Скопје, 30 март, 2018 - 15:21 (META) 

Премиерот Зоран Заев по вчерашните силни предупредувања од амбасадорот на Русија, Олег Шчербак кон Македонија за нејзината намера да стане членка на НАТО, денеска порача дека земјава сака во НАТО заради мирот во светот и почитувањето на човековите права.

Заев на денешната прес конференција изрази надеж дека двете земји ќе бидат фокусирани на градење пријателство, а не на кавги.

– Постапивме согласно законите и Виенската конвенција. Македонија има стратешки цели, а тоа се членството во НАТО и ЕУ. Не бараме членство во Алијансата за некого да напаѓаме, туку за мир во светот и почитување на човековите права – рече Заев, нагласувајќи дека власта останува на длабоката определба да ги унапреди односите со Русија.