fbpx

Заев на средба со Ахмети во Мала Речица

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва во Мала Речица има средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на која ќе разговараат за приближување на програмите на двете партии и за можното коалицирање и формирање влада.

Без да даде каков било коментар, Заев влезе во седиштето на ДУИ, а не одговори ниту на прашањата дали по средбата ќе даде изјава и ќе открие детали од разговорот со Ахмети.

Денеска попладне во скопскиот хотел „Александар палас“ се одржа средба меѓу претставниците на СДСМ и на Алијанса на Албанците на која, како што изјави генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, било разговарано за „иднината на Македонија, за принципите на владеење на идната влада, за остварувањето на националните интереси на Македонија, пред сè членството во НАТО и во Европската Унија и подобрувањето на животот на граѓаните на Република Македонија“.

Прашан за законот за употреба на јазициите што го бараат албанските партии, Спасовски рече дека за тоа сè уште се разговара и дека кога ќе имаат конечни ставови во однос на предлозите, ќе информираат дополнително.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...