fbpx

Туманоска: Лицата со здравствени проблеми и Ромите се отфрлени од пазарот на трудот

-

„Секој може и има право да биде вработен“ е насловот на панел-дискусијата што денеска се одржа на Државниот универзитет Тетово. На дискусијата беше презентиран проект наречен социјално менторство. Проектот ќе опфаќа обуки на лица кои се под ризик од социјална исклученост од пазарот на трудот.

– Ова категорија граѓани ќе бидат под надзор на центрите за вработување и за социјална работа. Ќе им се врши обука како да дојдат полесно до работа, преку воспоставување контакти со работодавците, но и со обуки за бизнис-планови – вели Деспина Туманоска од Институт за истражување и креирање политики.

Туманоска додаде дека во Македонија голем дел од невработените се лица кои општеството ги отфрла од пазарот на трудот. Најчесто во оваа категорија граѓани спаѓаат луѓето со здравствени проблеми и Ромите. Овој проект, според неа, кој е подржан од Европската Унија и Министерството за труд и социјална политика, ќе им помогне на лицата од оваа маргинализирана група да се вработат.

На денешната презентација на проектот, беа присутни и неколку невработени лица, меѓу кои и Јосиф Мицевски од гостиварско Тимчевиште, кој боледува од ретка кожна болест. Тој го поздрави проектот, кој, како што рече, ќе влијае кај работодавците, при вработување кај кандидатите да ја гледаат само професионалноста, а не нивната вера, нација или здравствена состојба.

– Јас сум бил повеќе од петнаесет пати на интервју кај работодавци, видоа дека боледувам од кожна болест и веднаш ме одбија. Сега, со овој проект, мислам дека нивната свест при вработување малку ќе се смени – изјави Мицевски.

Проектот ќе се спроведува во цела Македонија, а приоритет ќе имаат лицата од градовите каде има висока невработеност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...