fbpx

Заев: Ќе има конфискација, ред е Груевски да врати сè

-

Лидерот на СДСМ и предводник на Коалицијата за живот во Македонија, Зоран Заев, вечерва на митингот во Берово рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ќе го врати украденото и дека ќе има конфискација на имотот.

– Груевски во последните три-четири години потроши 1 милијарда евра на споменици, на музеи, на жални врби и на што ли уште не. И јас ќе потрошам 1 милијарда евра, но за отворање нови работни места, најмногу за младите, оти тие се нашата иднина. Ќе им помогнеме на државните фирми со директни пари. Ред е и Никола Груевски и неговата фамилија да вратат сè што зеле. Ќе има конфискација, добро знае Груевски, ќе има. Сè што украде, сè ќе врати – рече Заев.

За десет дена имаме заедничка шанса со гласот за животот да се избориме за живот во Македонија. Наместо да бараме живот во странство, ќе имаме добар живот тука во Македонија, рече Љупчо Николовски носител на пратеничката листа во третата изборна единица.

Претходно пред граѓаните собрани на митингот во Пехчево, Заев се обврза дека ќе ја врати среќата и животот во Македонија а на пензионерите им порача дека младите ќе се вработат и нема да им ја трошат пензијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...