fbpx

За возење над 50 километри на час, казни од 10 до 400 евра

-

Собранието на Република Македонија го изгласа Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кој е предвидена задолжителна употреба на вклучени светла за време на управување со возило само во периодот од првиот самрак до целосно разденување, како и дење во случај на намалена видливост.

За мотоциклите светлата ќе бидат задолжителни дење и ноќе, а за велосипедистите задолжително е соодветно светлосно обележување.

Казните за возачите што не го почитуваат ова, изнесуваат 15 евра дење и 35 евра ноќе, односно 15 негативни бода. Глобата за велосипедистите изнесува 50 евра.

Законот во член 35 предвидува дека на јавен пат во населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од 50 километри на час. Доколку не се почитува оваа одредба, во новиот Закон се предвидени парични казни кои скалесто, во зависност од пречекорувањето на брзината, се движат од 10 до 400 евра.

За возење со 50 километри на час над дозволената брзина, односно со 100 километри на час во населено место, казната е 400 евра, односно 65 негативни поени, а покрај финансиската глоба, на возачот ќе му се изрече и забрана за управување моторно возило од шест до 12 месеци. Казната за возење со брзина поголема од 30 до 50 километри на час над дозволената изнесува 300 евра или 50 негативни поени и забрана за возење од три месеци до една година. Ако некој биде фатен како вози со брзина од 10 до 30 километри на час над дозволената ќе плати казна од 45 евра или 25 негативни бода, а казната за управување со моторно возило со 10 километри на час повеќе од дозволеното е 10 евра, односно 10 негативни поени.

Лилјана Поповска од ДОМ смета дека Законот треба да се повлече и по серија јавни расправи да се направи нов закон.

– Никакви кациги и елеци нема да ги спасат велосипедистите ако нема патеки за велосипедисти. Секој ден има по некој инцидент со велосипедисти, а тоа е така затоа што нема велосипедски патеки – рече Поповска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...