!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Времето утре ветровито и дождливо


       
Скопје, 19 септември, 2017 - 20:07 (META) 

Утре ќе дува засилен југозападен ветер, а ќе има и повремени врнежи од дожд со појава на ретки грмежи. В четврток времето ќе биде променливо облачно и доста свежо, со слаб локален дожд, особено во западните делови од земјава. Ќе дува умерен северозападен ветер. Дневната температура значително ќе опадне за десетина Целзиусови степени. В петок и за време на викендот времето ќе биде стабилно и свежо, со ниска утринска температура, вели прогнозата од Управата за хидрометеоролшки работи (УХМР).

Во текот на утрешниот ден повеќе врнежи се очекуваат во западните делови од земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, на места ќе достигнува брзина до околу 65 километри на час. УВ-индексот ќе има вредност 5.

Утринската температура ќе се движи од 8 до 15 Целзиусови степени, а дневната температура од 17 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремен локален дожд, на места проследен со ретки грмежи и со засилување на ветерот. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец.

Утринската температура ќе се спушти до 10 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне 28 степени.