fbpx

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе одлучува за идните чекори на партијата

-

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за телевизијата „Алсат М“ вели дека партијата утре ќе одржи координативен состанок на кој ќе одлучува како понатаму ќе делува. Мицкоски не сакаше ниту да ја потврди, ниту да ја демантира информацијата во дел од медиумите дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ утре се враќаат во Парламентот.

-Утре ќе имаме координација и ќе одлучиме кои чекори партијата ќе ги преземе во иднина. Во овој момент не можам ништо дополнително да ви кажам – вели Мицкоски.

Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски смета дека ВМРО-ДПМНЕ треба да се врати во Собранието, бидејќи тоа го очекуваат и граѓаните.

-Власта мора да биде контролирана постојано од опозицијата, да ги штити интересите на граѓаните и ние веруваме дека ќе најдат сила внатрепартиските несогласувања да ги надминат и да се вратат назад во Собранието – вели Кирацовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...