fbpx

Владина комисија ќе ја решава кризата со огревно дрво

-

Владина комисија интервентно ќе ја решава кризата со огревно дрво, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, при денешната посета на Свети Николе.

За таа цел, како што најави Цветков, Јавното претпријатие „Македонски шуми“ ќе вработи дополнителен број дрвосечачи за да постигне со нарачките за дрва, а дополнителни мерки се предвидени и за сопствениците на приватни шуми.

– Во ЈП „Македонски шуми“ имаат задолжение веднаш да излезат на терен за маркирање, по барање на приватните шуми и да им се даде дозвола за сечење, и да се распише тендер за вработување нови сечачи на дрва, а и да се реши проблемот со транспорт на исечените дрва – рече Цветков.

Во моментов на пазарот недостигаат 300.000 кубни метри огревно дрво, што ја крена цената за 30 до 40 отсто.

Македонските граѓани годишно трошат по околу 800.000 кубни метри огревно дрво.

В.К.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...