fbpx

Ципрас поднесе оставка

-

Грчкиот премиер Алексис Ципрас му ја предаде својата оставка на претседателот Прокопис Павлопулос и побара што побрзо да се одржат предвремените избори.

– Сегашниот Парламент не може да понуди мнозинска влада или влада на национално единство – рече Ципрас.

Тој додаде дека народот треба да пресуди дали соодветно ги претставувал во борбата со странските кредитори.

– Политичкиот мандат од изборите од 25 јануари е исцрпен и сега е на грчкиот народ да каже што има – рече Ципрас во телевизиското обраќање.

Ципрас се одлучи за предвремени избори со цел да ја консолидира својата позиција, откако речиси третина од пратениците од неговата партија СИРИЗА одбија да ја поддржат програмата за реформи, која минатата недела се најде во парламентот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...