Најмалку 16 загинати во три бомбашки напади во источниот дел на Мосул
Најмалку 16 лица загинаа во три напади извршени со автомобили-бомба во источниот дел на ирачкиот град Мосул.
Како што јавуваат ирачките силите за безбедност и медицински извори, десет од жртвите се цивили, додека останатите се војници и полицајци.
Нападите се извршени на три различни локации, кои од минатиот месец се под контрола на ирачките безбедносни сили.
Засега никој не ја презел одговорноста за нападите.