fbpx

Трамп во предност во анкетите против Клинтон

-

Републиканскиот кандидат во трката за претседател на САД, Доналд Трамп, води со 44 отсто во однос на кандидатката на демократите, Хилари Клинтон, која има поддршка од 39 отсто, покажува анкетата на „Си-ен-ен“.

Рејтингот на Трамп по конвенцијата на Републиканската партија скокна за шест отсто и тоа воедно е негов најдобар рејтинг во однос на Клинтон од септември 2015 година.

Трамп предноста ја добил благодарение на порастот на поддршката помеѓу независните избирачи од кои 43 отсто по конвенцијата во Кливленд истакнале дека најверојатно ќе го поддржат, додека 41 отсто рекле дека нема да му ја дадат поддршката.

Рејтингот на Клинтон, според анкетата, се подобрил помеѓу избирачите со завршено високо образование и во таа група има предност од 44 отсто наспроти 39 отсто за Трамп.

Помеѓу белците без факултет, Трамп има поголемо водство, односно 62 отсто рејтинг, за разлика од Клинтон, која има 23 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...