Рускиот претседател, Владимир Путин, е далеку подобар лидер отколку нашиот претседател (Барак Обама н.з.), изјави републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп додека со својата ривалка од демократската партија, Хилари Клинтон, вчера во Њујорк одговараше на прашања на воените ветерани.
Оваа негова изјава, како што пренесува „Би-би-си“, доаѓа истиот ден откако шефот на Пентагон ја обвини Русија дека го „сее семето“ на глобална нестабилност.
„Тој (Путин) има рејтинг од 82 отсто. Кога тој ме нарекува брилјантен, јас ќе го прифатам неговиот комплимент“, изјави Трамп, додавајќи дека рускиот претседател има „одлична контрола врз својата земја“.
Републиканскиот кандидат вели оти смета дека доколку биде избран за претседател во ноември, „добро ќе се сложува со Путин“.