fbpx

Тоскас за Иванов: Добро би било да се внимава што се зборува

-

Македонските политичари треба да внимаваат што зборуваат, порача грчкиот министер за цивилна заштита, Никос Тоскас, во реакција на интервјуто на претседателот Ѓорѓе Иванов за грчката телевизија „Мега“. Во интервју за националниот сервис ЕРТ, на обвинувањата на Иванов дека Грција не се координира со Македонија и дозволила вакви инциденти, Тоскас порачува дека сите македонски реакции се само обид за полесно интегрирање во ЕУ и во НАТО.

„Скопје сега се обидува да добие улога што не може да ја има. Се обидуваат да се покажат како неопходен партнер на НАТО и на Европската Унија. Ние ги почитуваме како соседи. Имаме добри врски и покрај спорот за името и покрај други посебни прашања, но добро би било некои да не ја подгреваат ситуацијата и да внимаваат што зборуваат“, истакна Тоскас.

Грчкиот министер ги негираше обвинувањата на Иванов дека нема комуникација и информации меѓу полициските сили. Според Тоскас, македонската полиција е таа што би требало да ја засили контролата на странските активисти кои од Македонија доаѓаат во Грција и на Идомени и се смета дека поттикнуваат протести.

„Има постојана комуникација меѓу полициските сили во регионот, но, да одговорам на она што го велат скопјаните, има и еден голем број членови на странски невладини организации што живеат во Гевгелија бидејќи таму има хотели и секојдневно доаѓаат на наша територија, со европски пасоши. Тие треба да се контролираат од нивна страна. Ги контролираме и ние“, истакна Тоскас.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...