fbpx

Тешко повредени тројца велешани откако на нив налетал автомобил

-

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила ноќеска во 3.30 часот близу Градската библиотека во Велес, тешки телесни повреди задобиле тројца тинејџери, од кои двајца потоа се пренесени во Ургентниот центар во Скопје во животозагрозувачка состојба.

Како што извести СВР Велес, околу 03.30 часот на улицата „Алексо Демниевски“, Т.Т (33) од Велес изгубил контрола над автомобилот „фиат пунто“ со велешки таблички и удрил во К.К (19), Б.Д (18), Ф.К(18), кои во тој момент ја преминувале улицата, а потоа и во ѕид од камења.

Со возило на Итна медицинска помош во Општа болница Велес пренесени се К.К и Ф.К. Откако таму се констатирани тешки телесни повреди, тие се препратени во Клиничкиот Центар – Скопје и се наоѓаат во животна опасност.

Екипа на СВР Велес извршиле увид според инструкции од јавен обвинител, кој исто така издал наредби за прибирање на траги од местото на настанот и за вршење на анализа на крв и урина од возачот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...