fbpx

Талески денеска треба да биде донесен на распит во СЈО

-

Битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој е првоосомничен во случајот „Транспортер“, денеска во 12 часот треба да биде донесен на распит во Специјалното јавно обвинителство, потврдија за „Мета“ од СЈО.

„Имаме информација дека денеска ќе го донесат“, велат од СЈО.

Талески, како што информираа за „Мета“ од СЈО, на распит требало да биде донесен вчера, но поради наводно доцнење на судскиот налог во битолската полиција за спровод на осомничениот градоначалник од неговиот дом, каде издржува куќен притвор, до просториите на СЈО во Скопје, тој не се појави.

Инаку, на Талески утре му истекува куќниот притвор, а засега од СЈО не можат да кажат дали ќе побараат негово продолжување.

– Ние сакавме прво да го сослушаме осомничениот, односно прво да даде исказ, па потоа да се произнесеме пред судот за продолжување на притворот, бидејќи во меѓувреме можеби имало промени во околностите и во ситуацијата. Но, до 21 јули ние секако ќе излеземе со наш став околу продолжувањето на мерката – ни изјави вчера портпаролката на СЈО, обвинителката Ленче Ристоска.

Специјалното јавно обвинителство ги товари Талески и уште 22 лица за злоупотреби со превозот на ученици во Битола, тешки 360.000 евра, во случајот „Транспортер“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЈСП: Утре ќе сообраќаат автобусите по неделен возен ред, а жичницата нема да работи

Утре, за време на двојните претседателски и парламентарни избори, автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред. Жичницата до врвот на Водно нема да работи. Дежурни ќе бидат билетарниците на...