fbpx
Таг: учество

таг: учество

Охридската стрелачка Нина Балабан е прв наш потврден учесник на ЛОИ 2016

Најдобрата македонска стрелачка, охриѓанката Нина Балабан е првиот македонски спортист кој доби потврда за учество на Летните олимписки игри 2016 во Рио де Женеиро. Како што информираат од Македонскиот олимписки комитет (МОК), тие во тесна соработка со Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) обезбедиле покана за учество на Нина Балабан на ЛОИ 2016, со што таа е првиот потврден учесник од Република Македонија...

„Македонски телеком“ со најголем број корисници во фиксниот сегмент

„Македонски телеком“ ја одржа водечката позиција на пазарот на фиксни говорни услуги со 61,2 отсто, според интерна процена, односно 221.000 корисници на крајот од првите три месеци од 2016 година, соопшти компанијата преку Македонска берза. - Приходите од говорни услуги во првите три месеци од 2016 година во фиксниот сегмент се намалија за 8,5 отсто во споредба со истиот период од...

Села: Нема услови за организирање избори 

Централното претседателство на Движењето за реформи на ДПА денеска во Тетово донесе одлука дека во вакви услови, партијата нема да учествува на закажаните избори на 5 јуни. - Движењето за реформи на ДПА е за избори со стандарди, за кои тврдиме дека во моментов не се исполнети. Нашата партија ќе го чека мислењето на Државната изборна комисија за изборниот список, па...

Груевски го повика Заев да се премисли и да учествува на изборите на 5 јуни

„Доста беше! Оваа криза мора да заврши. Зад оваа криза стои немоќ, страв, деструкција, изгубена опозиција во својата безидејност. Тоа мора да запре“, изјави на денешната прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој ја повика опозицијата да учествува на избори и изрази надеж дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ќе ја промени одлуката. - Ова не е битка помеѓу мене и него....

Претседателот Иванов ќе учествува на 19. Евроазиски економски самит во Истанбул

Претседателот Ѓорге Иванов ќе учествува на 19. Евроазиски економски самит на Фондацијата „Мармара“ во Истанбул, на 6 и на 7 април 2016 година. Иванов ќе се обрати на свеченото отворање, а ќе има и свое обраќање на претседателската сесија. Во делегацијата предводена од македонскиот претседател, за време на работната посета на Турција, е и министерот без ресор задолжен за привлекување странски...

Иванов на вонредниот самит на Вишеградската група за мигрантската криза

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска престојува во работна посета на Чешката Република, каде ќе учествува на вонредниот самит на земјите од Вишеградската група. Иванов, како што соопштуваат од неговиот кабинет, ќе има обраќање на пленарната сесија на самитот и ќе присуствува на работната вечера на учесниците на самитот, на кој централни теми ќе бидат „предизвиците од мигрантската и...

ДПА го потврди учеството на изборите на централното собрание на партијата

На седница на централното собрание на ДПА, било потврдено учеството на партијата на претстојните избори на 24 април. - Ќе излеземе на овие избори и нема да бојкотираме затоа што тие што претпочитаат бојкот на овие избори, од друга страна подготвија десетина мали партии што се т.н. албански и се подготвени да ги „извадат“, во оној момент, ако ние одлучиме...

Претседателот Иванов на Самитот на ОН за климатските промени во Париз

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, утре ќе учествува на отворањето на 21. Самит за климатски промени (COP21), што се одржува во Париз од 30 ноември до 11 декември, соопштија попладнево од кабинетот на Иванов. Претседателот Иванов, како што информираат од неговиот кабинет, ќе се обрати на главната сесија на лидерскиот сегмент на самитот, кој свечено ќе биде отворен од...

Јолевски: Македонија ја разгледува можноста од зголемено учество во операциите на ОН

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, изјави дека Македонија ја разгледува можноста од зголемено учество во операциите на ОН. Тој заедно со шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, учествуваше на самитот посветен на мировните операции и на идните потреби на Светската организација, што се одржа во Њујорк. Според Јолевски, за таа цел постојат три варијанти. Првата - заедничко упатување војници од...

Марко Чаласан, најдобар од Македонија на информатичка олимпијада

На свечена церемонија беа доделени наградите и медалите на Јуниорската балканска олимпијада по информатика што се одржува во Охрид. Овој значаен настан во програмирање им претходи на Балканската и на Интернационалната олимпијада по информатика, на кои Македонија беше домаќин од 14 до 19 септември, во организација на Здружението на информатичарите на Македонија. На Јуниорската балканска олимпијада по информатика учествуваа ученици на возраст до...

Пливачот Марко Блажевски обезбеди Б-норма за учество на ЛОИ во Рио

Македонскиот пливач Марко Блажевски обезбеди Б-норма за учество на Летните олимписки игри, кои ќе се одржат во Рио де Женеиро во 2016 година. Блажевски на Светското првенство во Казан на денешните квалификации на 400 метри мешано, постигна време од 4:25:57 што е за 12 стотинки подобро време од квотата за настап на игрите во Рио.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...