fbpx
Таг: Сатира

таг: Сатира

Измислена изјава на Бајден, се споделува на Фејсбук како вистинска

Американскиот претседател Џо Бајден не изјавил дека ќе испрати воз за спасување на исчезнатата подморница, станува збор за сатира. Текст со ваква содржина пред неколку дена беше објавен на американскиот сатиричен веб-сајт The Babylon Bee, пишува Вистиномер.мк. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека американскиот претседател Џо Бајден изјавил дека ќе испрати спасувачки воз по...

Сатирично видео за „авион од кој се прскаат отрови“ претставено како вистинско

Видеото во постот е очигледен обид да се создаде шега базирана на сите работи во кои поддржувачите на теоријата на заговор за кемтрејлс веруваат и тоа од страна на сопственик на авион, кој залепил налепници на крилата од авионот и купил прекинувач на интернет на кој пишува дека е за „кемтрејлс“. Самиот прекинувач кој го покажува авторот на снимката,...

Фотографијата од Бајден со завои на главата не е вистинска

Фотографијата која што го прикажува американскиот претседател Џо Бајден преврзан со завои на неговата глава не е вистинска и реална. Станува збор за исечок од сатирично видео кое што се споделува на интернет просторот откако Бајден се сопна и падна на церемонија во Колорадо. Завоите на главата на Бајден се монтирани, а, исто така, е монтиран и говорот кој...

Измислена вест за уапсена бугарска пејачка во Македонија се споделува како да е вистинита

Станува збор за измислен настан, но никаде, ниту во споделената вест на Фејсбук, ниту во насловот, ниту пак во текстот, тоа не е наведено, со што читателите можат да бидат доведени во заблуда. Во објавениот текст, авторот, повикувајќи се на високи извори на МВР, пишува дека е уапсена пејачка од Бугарија која пеела без дозвола во земјава. Ова, како...

Сатирична измислена изјава на Ковачевски, се споделува на Фејсбук како вистинска

Во постот што се шири на Фејсбук не е посочен линк до насловот што се споделува, а во кој се вели: „Ковачевски: Ќе се смени законот за брак, секој ќе може да има по две жени без проблем“. Вистиномер го пронајде написот во којшто најдолу со големи црвени букви е обележано дека се работи за сатира. Од самиот опис...

Чесите со сатира ја исмеваат руската анексија на делови од Украина, „си го бараат Калининград назад“

Чешки интернет пранкери создадоа лажна веб-страница и профил на Твитер за припојувањето на Калининградската област кон Република Чешка. VisitKralovec.cz е најновиот сатиричен обид за да се покаже апсурдноста на неодамнешната одлука за припојување на четири украински региони кон Руската Федерација. Онлајн доста вирална стана и онлајн петицијата за припојувањето на Калининград кон Чешка и негово преименување во Краловец. „Краловец е...

Сатирична вест за Спасовски пренесена како вистинска

Фотографијата од постот е всушност наслов на сатирична, односно измислена вест објавена на сајтот „Тв вести“. Текстот е објавен во рубриката „сатира“, што јасно се гледа кога ќе се отвори написот. Меѓутоа, во овој пост во кој се споделува принтскрин од насловот на текстот не е наведено дека се работи за сатирична вест. Од коментарите на постот пак, е...

Сатирична објава за непостоечки разговор предизвика лавина навреди за министерката Петровска

Сатиричниот текст почнува со тоа дека „во последниот телефонски повик, министерката за одбрана му дала ветување на Зеленски дека Русија и Путин ќе бидат поразени, а тој плачел додека зборувал по телефон, нарачал воена артилерија како помош од Северна Македонија“. Наводниот разговор, уште пред да се прочита докрај, е јасно дека е невистинит, но и покрај тоа од...

Вистиномер: Не, инспектор од УЈП нема да брои подарени пари по свадби

Наводната вест за броењето на парите во плик на свадбите од страна на инспектор на УЈП е изведена од насловот на текст објавен на tvvesti.com, каде на две места е наведено дека се работи за сатира –  во наднасловот и на крајот од написот. Со споделување или парафразирање на насловот од сатиричниот текст без наведување дека се работи за...

Пендаровски не изјавил дека на Украина ќе ѝ донираме и авиони

Проблематично во оваа објава е што не е споделен линк од оригиналниот напис, за да можат читателите кога ќе кликнат на објавата да прочитаат дека станува збор за сатирична објава и дека, всушност, Пендаровски не кажал вакво нешто. Наместо тоа, споделен е исечок од написот, односно само насловот и објавен како принтскрин, но изоставен е наднасловот кој укажува дека...

Вистиномер: Сатирична објава за Ковачевски се споделува како да е вистинита, предизвикувајќи говор на омраза

Проблематично во оваа Фејсбук објава е што не е споделен линк од написот, за да можат читателите да прочитаат дека станува збор за сатирична вест, и дека, всушност, Ковачевски не кажал вакво нешто. Наместо тоа, споделен е принтскрин од насловот, а исечен е наднасловот каде што јасно стои дека објавата е измислена и сатирична. Со ова, читателите се доведени...

Вистиномер: Сатирична вест за Ковачевски и за платите на професорите претставена како да е вистинита

На принт скринот односно во објавата на Фејсбук што ја рецензираме, никаде не пишува дека станува збор за сатирична вест, како што впрочем јасно стои на веб-страницата каде што е објавена содржината. Преку претставувањето на оваа вест како вистинита, граѓаните се ставаат во заблуда и погрешно се информираат за актуелните општествени случувања, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го...

Вистиномер: Сатирична објава за кражба во полициски магацин споделена како вистинска вест

Во овој пост што се споделува на Фејсбук не е наведено дека станува збор за сатира, нема линк до оригиналниот напис, па е оставена е отворена можноста информацијата да биде погрешно протолкувана како вистинита. Наместо како исмевање за кражбата на солзавец, шок бомби и други предмети од  полициски магацин во Охрид, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

Вистиномер: Сатирична објава за Еди Рама се пренесува како сериозна вест

Aвторот на објавата не забележал дека, всушност, се работи за сатирична вест. Аналитичарката Сузана Стариков во неколку наврати реагираше на Твитер дека станува збор за првоаприлска шега и дека медиумите треба да престанат да ја пласираат како сериозна вест, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Пост на Фејсбук, повикувајќи се на германски аналитичар, пласира вест...

Сатиричен напис дека Заев изјавил „не треба да се замараме дали пописот е фер“, се споделува како да е вистинит

Проблематично во оваа Фејсбук објава е што не е споделен линк од написот, за да можат читателите да го прочитаат целиот текст и да разберат дека всушност станува збор за сатирична објава. Наместо тоа, споделен е исечок на написот, односно само насловот и истиот е објавен како фотографија. Притоа во принтскринот изоставен е наднасловот кој е напишан со поголеми...

Вистиномер: Ковачевски не кажал дека Британија излегла од ЕУ за да ѝ отстапи место на Македонија

Во оригиналната објава јасно стои дека станува збор за сатирична вест, а од Владата потврдија дека премиерот никогаш не дал изјава дека Британија излегла од ЕУ за да ѝ направи место на С. Македонија, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Пост на Фејсбук објавува невистинита содржина, во која наводно се прикажува став на премиерот Димитар Ковачевски...

Вистиномер: Министерството за здравство не дава 50 бесплатни кеси за вакцинираните

Пренесуваме текст на Вистиномер.мк за една сатирична објава, за која многу корисници на социјалните мрежи помислиле дека станува збор за вистинска вест: Рецензираме пост на Фејсбук во кој се вели дека Министерството за здравство ќе дава 50 бесплатни кеси за вакцинираните против ковид-19. Информацијата е објавена еден ден по стапувањето на сила на употребата на биоразградливи кеси во продавниците. Една...

Нови објекти изградени, паркинзите во кал: Во општина Аеродром се возеше „Камел Трофи 2021“ (видео)

Центарот за современи уметности – Скопје изработи сатирично-документарно видео „Камел Трофи Аеродром 2021“. Белиот џип „Лада“ успешно го помина патешествието низ паркинзите и останатите јавни површини во скопската населба Аеродром. https://www.youtube.com/watch?v=1eW7fLklumI „Сатирично документарното видео „Камел Трофи Аеродром 2021“ е продуцирано со желба да се помогне на неколку илјади жители од општина Аеродром кои повеќе од 4 години секојдневно газат прав и/или...

Вистиномер: Сатиричен пост – од ковид вакцина не може да се забремени

Во продолжение ја пренесуваме анализата на „Вистиномер“ на еден сатиричен пост на Фејсбук: Рецензираме пост на Фејсбук во којшто е изнесен сатиричен коментар, но поради природата на антивакциналните наративи и кампањата за девалвација на вакцинацијата, можно е некои граѓани да го сфатaт овој пост како вистинит. Од оваа причина и образложуваме дека станува збор за сатиричен пост. Тоа е една од...

„Раскринкавање“: Стара сатира за глоби за „сомнителен морал“ е пласирана како вистинска вест

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...