fbpx

Пендаровски не изјавил дека на Украина ќе ѝ донираме и авиони

-

Проблематично во оваа објава е што не е споделен линк од оригиналниот напис, за да можат читателите кога ќе кликнат на објавата да прочитаат дека станува збор за сатирична објава и дека, всушност, Пендаровски не кажал вакво нешто. Наместо тоа, споделен е исечок од написот, односно само насловот и објавен како принтскрин, но изоставен е наднасловот кој укажува дека објавата е измислена и сатирична, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

На Фејсбук страница наречена Бојкотирам – Bojkotiram споделен е исечок од медиумски напис кој тврди дека претседателот на државата, Стево Пендаровски, дал изјава во која вели дека ако Русија ни се закани повторно во Украина покрај тенкови ќе донираме и авиони. Ова не е точно.

А ние го молиме Путин да почне со смртни казни за функционерите кои ја вооружуваат Украина.

Ние предлагаме да се донира лично Стево, и тоа да се донира директно на Русија!

#СтевоПендаровски #СтевоСт*ка

Вака кога ќе го погледнете овој исечок со фотографија од Пендаровски и наслов „Ако Русија ни се закани повторно во Украина покрај тенкови ќе донираме и авиони“, можете да заклучите дека Пендаровски навистина дал ваква изјава. Но, ова не е вистина, тој никогаш нема кажано вакво нешто.

Проблематично во оваа Фејсбук објава е што не е споделен линк од оригиналниот напис, за да можат читателите кога ќе кликнат на објавата да прочитаат дека станува збор за сатирична објава и дека всушност Пендаровски не кажал вакво нешто.

Наместо тоа, споделен е исечок од написот, односно само насловот и објавен како принтскрин, но изоставен е наднасловот кој укажува дека објавата е измислена и сатирична.

Доколку не издвоите време да проверите дали тој навистина дал ваква изјава, може многу лесно да поверувате во напишаното. А такви се сите коментари  под оваа објава од кои се гледа дека луѓето поверувале дека Пендаровски навистина кажал вакво нешто.

Оние кои ја виделе оваа објава и поверувале во неа, тоа го сториле токму поради тоа што ништо во објавата не укажува дека станува збор за измислица. Ниту на фотографијата ниту во текстот на Фејсбук објавата нема напомена дека е сатира. Објавата е многу вирална, со над 15 споделувања и 115 коментари.

И од кабинетот на претседателот во писмен одговор до „Вистиномер“ потврдија дека Пендаровски никогаш нема изјавено вакво нешто.

Кога станува збор за објавување на сатирична содржина тоа треба да биде јасно и видливо нагласено. Со споделување на принт-скринови на сатирични објави на социјалните мрежи без да се нагласи тоа, се создава впечаток дека се вистинити, со што се врши манипулација врз јавноста.

Не е ни прв ни последен пат да се објавуваат сатирични текстови и да се измислуваат изјави  од политичари коишто треба да бидат иронични и смешни. Но, тоа секогаш треба да е јасно и видливо нагласено дека станува збор за сатира, односно измислица за да не дојде до забуна во јавноста, особено на социјалните мрежи каде корисниците се немилосрдни во критиките и навредите што ги упатуваат.

Бидејќи ништо од оваа вирална објава не укажува дека е сатирична, таа преставува манипулација врз јавноста која се наведува да поверува во нешто што не е вистина.

Затоа пред инстантно да поверувате во што било да прочитате на Фејсбук, проверете од неколку извори дали тоа што го гледате е вистина или можеби сте подлегнале на нечија намерна манипулација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....