fbpx

Вистиномер: Сатирична објава за Ковачевски се споделува како да е вистинита, предизвикувајќи говор на омраза

-

Проблематично во оваа Фејсбук објава е што не е споделен линк од написот, за да можат читателите да прочитаат дека станува збор за сатирична вест, и дека, всушност, Ковачевски не кажал вакво нешто. Наместо тоа, споделен е принтскрин од насловот, а исечен е наднасловот каде што јасно стои дека објавата е измислена и сатирична. Со ова, читателите се доведени во заблуда, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

На објава на социјалната мрежа Фејсбук како фотографија споделена е наводна изјава на премиерот Димитар Ковачевски во која тој го коментира одмрзнувањето на цените и новиот бран поскапувања на основните производи.

Ковачевски воопшто не дал ваква изјава, односно станува збор за сатирична вест која на социјалните мрежи се споделува како да е вистинска.

Конзилиум е малку за Вашите будалштини, ментална институција си треба да Ве прибере!, пишува на постот што го рецензираме.

Ковачевски: Ги одмрзнавме цените затоа што граѓаните не можеа да ги дотрошат зголемените плати. Вака гласи насловот написот, кој е објавен на порталот „Кооперација“.

Кога ќе го отворите текстот што има ваков наслов ќе ви стане јасно дека станува збор за сатира, односно дека оваа изјава е измислена и не преставува вистинска изјава дадена од премиерот Димитар Ковачевски. Веднаш над самиот наслов со големи букви, многу поголеми од насловот, пишува „Сатира“.

Проблематично во оваа Фејсбук објава е што не е споделен линк од написот, за да можат читателите, кога ќе кликнат на објавата да прочитаат дека станува збор за сатирична објава, и дека всушност Ковачевски не кажал вакво нешто.

Наместо тоа, споделен е принтскрин од насловот и објавен како фотографија. Притоа во принтскринот исечен е наднасловот каде што јасно стои дека објавата е измислена и сатирична.

Во самата објава што ја рецензираме нема ништо што може да индицира дека изјавата е измислена, а не вистинита. Напротив, текстот на објавата е критичен и напишан на таков начин што ве наведува да помислите дека читате вистинита објава. Текстот исто така е навредлив, што значи дека е корисникот на социјалната мрежа Фејсбук каде што е објавена оваа фотографија најверојатно поверувал дека Ковачевски навистина дал ваква изјава и затоа дозволува таа уште повеќе да се споделува и јавноста да коментира на објавата како да станува збор за реална изјава.

Доколку не издвоите неколку секунди да проверите дали тој навистина дал ваква изјава и да сфатите дека изјавата потекнува од хумуристичен сајт, може многу лесно да поверувате во напишаното.

Дополнително на ова, речиси сите коментари и големиот број споделувања потврдуваат дека оние што ја виделе оваа објава која е многу вирална, поверувале во неа. На оваа неточна и манипулативна објава до сега има 854 реакции, 640 коментари и 144 споделувања.

Поголемиот дел од овие стотици коментари се навредливи, полни со говор на омраза и напишани од луѓе кои поверувале дека сатиричната и измислена објава е вистински дадена од Ковачевски.

Не е ни прв ни последен пат да се објавуваат сатирични текстови и да се измислуваат изјави особено од политичари кои треба да бидат иронични и смешни. Но, секогаш треба да е јасно и видливо нагласено дека станува збор за сатира односно измислица, за да не дојде до забуна во јавноста, особено на социјалните мрежи каде корисниците се немилосрдни во критиките и навредите што ги упатуваат.

Бидејќи ништо од оваа вирална објава не укажува дека е сатирична, таа преставува манипулација врз јавноста која се наведува да поверува во нешто што не е вистина.

Затоа пред инстантно да се поверува во било што што ќе се прочита на Фејсбук, претходно треба да се провери дали е тоа вистина или можеби нечија намерна манипулација со цел да се дискредитира одредена личност или јавноста да се доведе во заблуда за одредени случувања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...