fbpx
Таг: сајбер безбедност

таг: сајбер безбедност

АНКЕТА: Кражбата на идентитет, расната омраза и верскиот екстремизам најголеми „онлајн“ стравови на граѓаните

Над 71 отсто од македонските граѓани веруваат дека ризикот да се стане сајбер-жртва се зголемува. Само една третина сметаат дека можат доволно да се заштитат од опасностите на криминалот кои демнат онлајн, па поради ова, најголем дел од граѓаните, а особено помладите и оние со повисок степен на образование, се внимателни кога се вклучени на интернет. Од сите видови на...

Од 4 до 6 март во Приштина ќе се одржи конференцијата за сајбер безбедност „Cyber Zero“

Од 4 до 6 март во Приштина ќе се одржи осмото издание на меѓународната конференција за сајбер безбедност „Cyber Zero” во Западен Балкан, во организација на Албанското сајбер здружение  и FINDBUG, со поддршка на Амбасадата на САД во Приштина, пишува Порталб.мк. На конференцијата се предвидени над 50 говорници, 10 панел дискусии и над 2.000 учесници. Темата на првиот ден главно...

Речиси сите корисници на интернет во Германија стравуваат од хакери

Секој германски граѓанин кој користи Интернет е претпазлив од нападите на сајбер-криминалците, покажува вчерашната анкета на здружението Битком, пренесе германската агенција ДПА. Имено, 93 отсто од испитаниците од репрезентативен примерок рекле дека се чувствуваат загрозени кога ќе сурфаат на интернет. Огромно мнозинство од 87 отсто проценуваат дека потенцијалните напаѓачи се дел од организирани групи, додека нешто повеќе од една третина, 35...

Грковска: Вклучувањето повеќе жени во сајбер безбедноста овозможува подобар одговор на предизвиците

Жените претставуваат половина од корисниците на технологија, но сочинуваат само 25 проценти од глобалната работна сила за сајбер безбедност. Овој диспаритет не е само прашање на еднаквост, туку и прашање на ограничени размислувања и пристапи. Со оглед на тоа што заканите за сајбер безбедноста стануваат посложени, тимовите треба да вклучуваат различни перспективи за предвидување и ублажување на предизвиците, истакна...

Грковска: Сајбер безбедноста носи исти предизвици за сите земји, неопходна е соработка

Со предизвиците на сајбер безбедноста и сајбер отпорноста не може ниту една земја да се справува самостојно и изолирано, независно од тоа колку една земја е развиена или не. Ова го порача вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска во своето обраќање на Глобалната конференција за градење сајбер капацитети „Сајбер отпорност за развој“ која се одржува во...

ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА: Митови и заблуди за сајбер хигиена

Како што животите на луѓето стануваат сè повеќе испреплетени со дигиталниот свет, разбирањето на она што треба, а што не треба да се прави при движењето низ овој комплексен онлајн пејзаж е поважно од кога било. Сепак, темата „сајбер хигиена“ – основните практики и навики што го одржуваат нашиот дигитален живот безбеден, е преполна со митови и заблуди кои...

Ковачевски по НАТО-средбата: Ја издигнавме С. Македонија како фактор на стабилност во регионот

Инвеститорите од европските земји и САД во Северна Македонија и регионот препознаваат место каде можат да ги инвестираат своите пари и со тоа да обезбедат подобри работни места, подобри плати и крајно зголемување на животниот стандард на граѓаните. Ова е факт и тој е овозможен затоа што земјите од регионот, вклучително и С. Македонија, како членки на НАТО се...

Во Прилеп отворен ИКТ Центар за чување и заштита на податоци на граѓаните

Околу 11 милиони евра се инвестирани во нов ИКТ Центар за чување и заштита на податоци и опоравување од катастрофи во Прилеп. Во негова посета денеска беа премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министрите за внатрешни работи и за транспорт и врски, Оливер Спасовски и Благој Бочварски. Средства за овој проект се обезбедени преку ИПА програмата на ЕУ и од...

Познати се најчестите лозинки во светот – потребно е помалку од една секунда за да се пробијат

Компанијата „NordPass“ (Нордпас), која им помага на корисниците да генерираат лозинки и да ги чуваат безбедни, неделава ја објави својата годишна листа на 200 вообичаени и најчести лозинки во светот. За време на прибирањето на податоците, „Нордпас“ соработувала со независни истражувачи кои анализирале 4,3 терабајти податоци земени од јавно достапни извори. Компанијата соопшти оти не биле земени лични податоци за...

Македонија дел од Европскиот центар за извонредност за справување со хибридни закани

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамки на официјалната посета на Финска, заедно со директорката на Европскиот центар за извонредност за справување со хибридни закани во Хелсинки, Теја Тииликаинен го потпишаа Меморандумот за пристапување на Северна Македонија кон овој центар, со што земјава стана 35 земја-учесничка, информираат од Министерството за надворешни работи (МНР). Османи истакна дека приклучувањето на Северна...

„Шорткат“: Дали телефонот нè прислушува?

Дали телефонот нè прислушува, беше прашањето што привлече големо внимание и дискусија меѓу експерти и десетици млади на првиот „Сајбер Шејк“ настан што се одржа минатиот четврток. Одговорите може да ги дознаете вечерва во новата епизода на „Шорткат“. Во вестите за млади информираме и за тоа до каде е вселувањето на студентите во новиот тетовски студентски дом. Ве водиме и на...

Изложба „Дигиталниот свет, стапица за личните податоци“: Внимавајте кога на интернет ви се нуди нешто бесплатно

Корисниците на дигиталните алатки мора да бидат внимателни за тоа како ги користат своите податоци во дигиталниот свет, беше пораката на мултимедијалната изложба „Стаклена соба – дигиталниот свет, стапица за личните податоци“, организирана од Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, пренесува Порталб.мк. Изложбата ја отвори Билјана Петковска од Македонскиот институт за медиуми...

Османи: ОБСЕ има витална улога во справувањето со предизвиците за сајбер безбедноста

Сајбер безбедноста не претставува само грижа за техничките системи и нивна заштита од напади, туку и грижа за луѓето како потенцијални цели на сајбер напади, истакна претседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи во своето обраќање на годишната конференција на ОБСЕ за сајбер/ИКТ безбедност насловена „Луѓе, доверба, отпорност: градење сајбер безбедност за сите“. „Информатичката технологија и нејзината...

ДЕБАТА: Телефонот може да нè прислушува, ако не водиме грижа за сајбер хигиената

Дали телефонот нè прислушкува беше атрактивното прашање што привлече големо внимание и дискусија од десетици млади на вечерашниот прв „Сајбер шејк“ настан што се одржа во просториите на Netaville во Скопје. Одговорот на прашањето за „прислушувањето“ е „ДА“, а притоа имаше многу „НО“ во одговорите на говорниците: Бајрам Али, ИТ советник на Азир Алиу, министер за информатичко општество и...

Граѓаните мета на фишинг напади – не кликајте на СМС пораки за наводни пратки

Македонските граѓани од вчера масовно добиваат СМС пораки со кои се известуваат дека има промена во однос на нивни наводни пратки што ги добиле. „Ќе се наплаќаат такси за царинење за бројот на пакетот XXX и мора да се плати на следниот линк“, гласи само една од пораките, за кои вчера и денеска посведочија дека ги добиле голем број граѓани. „Погрешна...

Грковска: Сајбер-безбедноста стана поважна од кога било порано

Со брзиот напредок во технологијата, сајбер-безбедноста стана поважна од кога било порано, а одвивањето на процесот на дигитална трансформација треба да се сфати многу сериозно од сите страни, рече заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на Регионалниот дијалог за сајбер политики, кој денеска се одржува во Скопје. Во таа насока, рече Грковска, е...

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот суд во Хаг

Меѓународниот кривичен суд соопшти дека во текот на минатата недела бил извршен напад врз компјутерскиот систем на институцијата, пренесува агенцијата Асошиејтед Прес (АП).  Портпаролот на судот, Фади Ел Абдалах, во писмена изјава изјавил дека нападот се истражува во соработка со холандските власти, а се испитува и дали зад нападот евентуално стои странска влада. „Во иднина, Судот ќе работи на зајакнување на...

Фишинг нападите ловат поединци, но можат да направат опасни штети на цели заедници

Замислете дека сте риба и дека некој се обидува да ве фати на јадица - токму од таму доаѓа терминот „фишинг напад“, објаснува инженерот за компјутерска безбедност Божидар Спировски во разговорот со Мета.мк на тема фишинг напади. Основната улога на напаѓачот е да ве „улови” на метафоричната јадица што ја поставува. Притоа, фишинг нападот е само првиот чекор кон...

Земјава го потпиша Договорот за партнерство во програмата „Дигитална Европа (2012-2027)“ со ЕУ

Во Брисел денеска беше потпишан Договорот за партнерство меѓу Северна Македонија и Европската Унија во програмата „Дигитална Европа (2012- 2027)“, информираат од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). Договорот го потпишаа министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и претставници на Европската комисија. За време на церемонијата на потпишување на договорот, министерот Алиу им се заблагодари на ЕУ...

ДЗР: Информацискиот систем во Министерство за земјоделство не е опоравен по сајбер нападот

Информацискиот систем во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) не е целосно опоравен по сајбер нападот од октомври лани и не е во состојба да ги преземе податоците од земјоделскиот регистар на Агенцијата за храна и веетеринарство (AХВ). Во МЗШВ и АХВ се користи застарена компјутерска опрема и оперативен систем. Ова се само некои од слабостите кои ги нотирале...

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...