Грковска: Вклучувањето повеќе жени во сајбер безбедноста овозможува подобар одговор на предизвиците

Грковска нагласи дека со успешни сеопфатни политики за искоренување на дискриминацијата на жените во општеството, постепено се подобрува нивната застапеност во сите сфери на работа и одлучување, вклучително и во сајбер-професиите

-

Жените претставуваат половина од корисниците на технологија, но сочинуваат само 25 проценти од глобалната работна сила за сајбер безбедност. Овој диспаритет не е само прашање на еднаквост, туку и прашање на ограничени размислувања и пристапи. Со оглед на тоа што заканите за сајбер безбедноста стануваат посложени, тимовите треба да вклучуваат различни перспективи за предвидување и ублажување на предизвиците, истакна заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на панел диксусијата „Хакирање на родовиот јаз“, која синоќа се одржа во рамки на Глобалната конференција за градење сајбер капацитети во Акра, Гана.

Грковска нагласи дека со успешни сеопфатни политики за искоренување на дискриминацијата на жените во општеството, постепено се подобрува нивната застапеност во сите сфери на работа и одлучување, вклучително и во сајбер-професиите. Таа се осврна на законските и институционалните промени во Северна Македониија, кои се преземаат во насока на унапредување на родовата еднаквост и вклучување на родово одговорни политики за планирање и буџетирање.

Во однос на сајбер безбедноста, Грковска истакна дека Северна Македонија спроведува програма поддржана од УСАИД за дизајнирање сајбер-патеки за млади девојки и жени, заради поразновиден развој на сајбер работната сила во земјата. Оваа специфична програма вклучува менторство, соработка со образовниот сектор и академијата, со цел да се поттикне родово сензитивен пристап кон развојот на наставните планови и да се поддржи наставниот кадар со ресурси и знаење за сајбер безбедноста.

Оставки во тишина

Последна молитва на моето тело Црн е твојот ветар, а ноќта бела и секој дамар напнат од зрелина. Застани како меч во овој дрворед од тела пред да се срушиш заслепено со белина. Но и тогаш...

За утре и в понеделник во Скопје закажни три собири за кочанската трагедија

За утре и за в понеделник во главниот град се закажани вкупно три собири од три различни иницијативи, а во врска со трагедијата во импровизираната кочанска дискотека „Пулс“ во која животот...

ФСС Економски ги потсети студентите дека од понеделник продолжува наставата

Факултетското студентско собрание на Економскиот факултет во Скопје попладнево објави соопштение на својот Инстаграм профил во кое ги потсетува студентите на овој факултет дека од понеделник, 24 март, продолжува редовната формална...

Дел од повредените што се лекуваат во странство следната недела ќе се вратат во земјава

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денес изјави дека идната недела треба да почне враќањето во Македонија на првите пациенти што се лекуваат во странство од повредите во...

Оставки во тишина

Последна молитва на моето тело Црн е твојот ветар, а ноќта бела и секој дамар напнат од зрелина. Застани како меч во овој дрворед од тела пред да се срушиш заслепено со белина. Но...