fbpx
Таг: проверка на факти

таг: проверка на факти

Макрон и француското собрание не изјавиле ниту усвоиле нешто за стопирање или одложување на ЕУ проширувањето

Франција не усвоила никаква резолуција со која се стопира процесот на проширување на ЕУ. Ова е лажна вест, претставена како да е вистинска, наводно објавена од Би-би-си. Ниту Би-би-си, ниту кој било друг релевантен медиум, не објавил ваква вест. Покрај ова, ниту Макрон не изјавил дека „на Северна Македонија треба да ѝ се каже дека нема проширување до 2040.“ Обете...

Измислена изјава на Фон дер Лајен пласирана како вистинска

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на 15 април 2024 година никаде на изјавила дека во наредните 15 години најверојатно ќе нема проширување на ЕУ. Вакво нешто таа нема изјавено ниту претходно. Веста споделена во објавата, а која е пласирана како да е вест на Дојче веле, е лажна. Дојче веле ваква вест нема објавено. Исто така, не постојат никакви...

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има право да се брани. Русија насила прогласи независност на Донбас и Луганск, нарушувајќи го територијалниот интегритет на Украина. Зеленски постојано повикува на мир и понуди формула за мир, а на...

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари за производ кој наводно веднаш ќе им помогне. Притоа се користи непостоечки доктор со лажен идентитет, се ветува брзо лекување и се промовира лек за кој нема научна валидација и...

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот претседател Зеленски на 16 април го потпиша Законот за мобилизација, со кој се очекува да се реши проблемот со недостигот на војници во Украина, поради руската инвазија на земјата, но...

Не е точно дека украинскиот претседател Леонид Кучма (1994-2005) бил исклучиво свртен кон Русија

Објави на социјалните мрежи излегуваат со тврдења за наводната блискост на украинскиот претседател Леонид Кучма (1994-2005) со Русија. Иако тој се обидувал да одржува нормални односи со Русија, сепак, неговата надворешна политика далеку од тоа дека била свртена кон Русија. Особено што земјата токму во текот на неговото владеење официјално изрази желба за влез во НАТО. Со ова паѓаат...

Може да се раскине кој било договор, прашање е цената

Ванковска делумно точно оценила дека раскинувањето на договорите со Бугарија и Грција „е лесно“ и „малку потешко“. Но, нејзината проценка колку лесно или колку тешко се раскинуваат билатералните и мултилатералните договори на државата, не е круцијална за оценката делумна вистина. Таа не кажува колку и какви проблеми ќе се отворат повторно и во кои сè институции и меѓународни организации,...

Јакимовски со полувистини за реалните проблеми околу финансиите на Пентагон

На вчерашната дебата на Националниот сервис МРТ, кандидатот за претседател Стевчо Јакимовски, изјави делумно вистинито дека американскиот Пентагон (односно Министерството за одбрана) не дозволува да им се направи ревизија, дека се под сомнеж за проневера од 1,9 трилиони долари и дека Конгресот има донесено специјален закон за да дозволи ревизија. Иако во сите три става има дел вистина, ниту...

Кога вмровската машинерија ѝ го „чува грбот“ на независната Сиљановска

Сиљановска-Давкова во 2020 година во парламентот влезе со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“. Таа не стана пратеник преку независна пратеничка листа, туку беше носител на листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за Првата изборна единица. Сиљановска-Давкова и во претседателската трка влезе со потписите на пратениците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а на изборните митинзи се појавува заедно со партискиот лидер Христијан Мицкоски. Па,...

Масакрот во Сребреница е геноцид, меѓу жртвите има и жени

Во текот на претседателската дебата меѓу сите кандидати, Стевчо Јакимовски изјави дека во масакрот во Сребреница биле убиени само мажи и момчиња и затоа не е геноцид, туку само (воено) злосторство. Според Меѓународниот кривичен суд во Хаг, Европскиот парламент, како и други комисии и тела масакрот во Сребреница е деклариран како геноцид. А, без разлика што системски биле селектирани...

Ниту ЕУ е бајка, ниту е НАТО во прокси војна во Украина

Ванковска употреби наратив за ЕУ кој сугерира дека Унијата веќе не постои, т.е. не постојат заедничките вредности за добробит на сите граѓани на земјите членки, туку дека како сијамски близнак на НАТО се подготвувала за војна, што е невистина. Невистина е и дека НАТО е во прокси војна во Украина, што е класично тврдење на руската официјална политика за...

Не низ оџак, туку низ 25 години долги и макотрпни преговори влеговме во НАТО

Тврдењето на Сиљановска дека лесно, „низ оџак ќе сме влегле во НАТО“, е неточно и нереално. Повеќе наликува на фино спакувана предизборна приказна за купување на романтичарски гласови. Оџакот за којшто говори Сиљановска, всушност за нас беше теснец низ којшто мачно се пробивавме цели 25 години, уште од 1993 година. Од Самитот на НАТО во 2008 година во Букурешт, каде Грција стави вето...

Стефковски не шетал со вистински пиштол, туку означил старт на трка со сигнален пиштол

Објавата неточно тврди дека градоначалникот Стефковски шетал со вистински пиштол и глумел шериф. Станува збор за отворање на спортска манифестација и спортски игралишта во Гази Баба, а градоначалникот Стефковски означил старт на атлетска трка со сигнален пиштол, пишува Вистиномер.  Текстот го пренесуваме во целост:   Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, шетал со пиштол и глумел шериф: Кога ќе избереш осуден...

Што се крие зад обидите на Русија да ја поврзе Украина со терористичкиот напад во Москва?

Минатата недела руската државна телевизија емитуваше снимка од сослушувањето на четворицата осомничени. Еден од обвинетите пред камера изјавил дека планот бил по нападот да се упатат кон Киев. Други обвинети зборуваа за наводната помош што им била ветена при преминувањето на украинската граница. Нивните зборови мора да се земат со голема претпазливост. За време на судското појавување по нивното...

Трагите од авиони не се користат за борба против климатските промени

Борбата против глобалното затоплување не се постигнува со авиони, ниту со трагите што ги оставаат зад себе кои не се ништо друго освен резултат од мешањето на топлината испуштена од млазниот мотор исполнет со водена пареа, со ладниот воздух. Овие бели траги можат да постигнат влошување на климатските промени, а не подобрување, пишува Вистиномер.  Текстот го пренесуваме во целост:   Објава на социјалната...

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се нуди ниеден доказ. Петкратното убиство кај Смилковско Езеро се случи на 12 април 2012 година. За овој случај, познат кај јавноста како „Монструм“ имаше повторно судење и тој доби судска разрешница....

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС објави видео од нападот во концертната сала. На видеото, кое Би-Би-Си го потврди како вистинито, се гледа како еден од вооружените напаѓачи отвора оган врз неколку луѓе. По ова се...

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за публиката да се збуни околу тоа „кој прв почнал“. Филмот го нагласува палежот врз проруските активисти во Одеса на 02.05.2014 година, што го опишува како геноцид, но премолчува дека во...

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот мандат. Сепак, досега сè уште не е отворено ниту едно поглавје, пишува Вистиномер.  Текстот го пренесуваме во целост:   Ветување: Почнуваме преговори, ја европеизираме земјата! До 2024 година ќе отвориме 80% од поглавјата за интеграција во...

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите што ги употребува политичкиот противник за Стево Пендаровски се во најголем дел проблематични, бидејќи се базираат на изменета содржина, т.е. или се невистини или полувистини, или, пак, им недостасува контекст. Сепак, Пендаровски ќе треба да се соочи и со дополнителни наративи што можат да му наштетат – за мотивите за ставањето потпис на измените на КЗ веќе утредента...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...