fbpx
Таг: пожар

таг: пожар

Скопјанец се задушил во пожар во својот дом

Педесет и тригодишен скопјанец го загубил животот во пожар што вчераутро, во 7.20 часот, избувнал во неговата куќа во населбата Илинден, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, станува збор за Слободан Н., кој се задушил од чадот и починал. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено за обдукција, а во тек е истрага што треба да ги утврди причините за...

Романскиот премиер си поднесе оставка поради пожарот во ноќниот клуб

Романскиот премиер, Виктор Понта, си поднесе оставка на функцијата еден ден по масовните протести поради пожарот што во петокот минатата недела избувна во ноќен клуб во Букурешт, јави „Би-Би-Си“. Во пожарот, во ноќниот клуб „Колектив“, животите ги загубија повеќе од 30 лица, а повеќе од 130 луѓе сè уште се наоѓаат на болничко лекување, од кои најголем дел се во...

Бројот на жртвите во пожарот во Букурешт се зголеми на 31

Властите во Романија соопштија дека уште една личност им подлегнала на повредите предизвикани од пожарот во ноќниот клуб во Букурешт, со што бројот на загинатите се зголеми на 31. Министерот за внатрешни работи на Романија, Габриел Опреа, рекол дека машко лице чиј идентитет не е утврден, денеска им подлегналo на повредите. Директорот на клиниката за изгореници, пластична и реконструктивна хирургија, Кристијан...

Индонезија ќе прогласи вонредна состојба поради пожарите

Официјална Џакарта ја разгледува можноста за прогласување вонредна состојба на целата држава, поради пожарите што ја зафатија Индонезија, соопшти индонезискиот потпретседател Јусуф Кала. - Индонезиската држава ќе ги интензивира своите напори за да се справи со пожарите, кои предизвикаа значително загадување (на воздухот) во регионот, затворање на училишта и откажувања на летови - рече Кала, додавајќи дека вонредната состојба ќе...

Спасена девојка што сакала да се самоубие во тетовско Џепчиште

Шестнаесетгодишна девојка од тетовското село Џепчиште, синоќа сакала да си го одземе животот, со скокање од покривот од нејзината куќа. Девојката се качила на балконот од потпокривот на куќата во која живеела со намера да скокне оттаму. Нејзиниот татко веднаш реагирал и случајот го пријавил во полиција, која за кусо време пристигнала на местото, заедно со медицински персонал и со противпожарна...

Девет загинати во пожар во филипински затвор

Најмалку девет затвореници загинаа во пожар кој избил во затвор во централниот дел на Филипини, соопштија официјалните лица од затворот. Ова е втор пожар за две години во затвор во провинцијата Лејте. Причина за пожарот, најверојатно, е лошата инсталација во дел од затворот, кој е реновиран по претходниот пожар во 2013 година. Затворот има капацитет за сместување 500 луѓе, но во моментов...

Подметната запалена гума под возило на битолчанец

Утрово, околу 2.10 часот, непознат сторител се обидел да го запали возилото на 56-годишниот битолчанец М.Ј., паркирано пред неговата куќа на улицата Димитар Хаџи-Попов во градот. Според полициските информации, сторителот подметнал автомобилска гума под возилото, марка „џип“, и ја запалил. Во случајот нема повредени, а пожарот го локализирал сопственикот на возилото. Полициски екипи извршиле увид на местото и во тек е...

Во пожар во хотел во Словачка загина турист, седуммина повредени

Во голем пожар, кој синоќа зафати хотел во скијачкиот центар Јасна во Словачка, еден човек загина и седуммина се повредени, а од хотелот се евакуирани 137 луѓе. Пожарот во хотелот, кој се наоѓа во Демановска долина на северот на Словачка, избил по полноќ, а вработените не успеале да спасат 61-годишен гостин, кој се задушил од густиот чад. Во пожарот биле повредени седум лица, а четворица,...

Манифестацијата „Да пошараме до Пожаране“ привлече стотина планинари

Стотина планинари ги освоија врвовите Голема и Мала Враца, а успешно беше извозена и велосипедската патека од Попова Шапка до Пожаране, во рамки на манифестацијата „Да пошараме до Пожаране“. Се организираше и посета на археолошкото наоѓалиште Долна Локва, а се одржа и велосипедска тура од Гостивар преку Вруток, Горно и Долно Јеловце, па сè до Пожаране. - Чуството да се...

Обама прогласи вонредна состојба поради пожарите во Калифорнија

Американскиот претседател Барак Обама прогласи вонредна состојба утринава, поради големиот шумски пожар во областа Лејк Каунти, во Северна Калифорнија, кој уништи 1.200 куќи и усмрти три лица. Врз основа на прогласената вонредна состојба, претседателот на САД ги стави на располагање федералните фондови за расчистување и за реконструкција, вклучувајќи ги и средствата за привремено сместување на населението и за поправка на...

Шест лица загинаа во пожарите што беснеат во Калифорнија

Огромниот пожар што беснее на северот на Калифорнија однесе една жртва и билансот сега изнесува шест мртви, додека 10.000 згради се загрозени, соопштија синоќа американските власти. Пожарот кај Ташахаре, јужно од Сан Франциско, однесе една жртва, додека пет загинале во други два пожари, исто така во Калифорнија. Бројот на мртвите може да се золеми затоа што властите сè уште се обидуваат да влезат...

Уапсен внукот на Рафиз Алити поради пожарот во „Македонски пошти“

Внукот на потпретседателот на Собранието, Рафиз Алити, Арменд Фазлиу, е уапсен поради одговорност за пожарот што изби во дирекцијата на „Македонски пошти“ во 2013 година. Судот на Фазлиу му одредил казна затвор од две години, по што е однесен во затворот во Шуто Оризари. Фазлиу пред две години беше шеф на кабинет на Рафиз Алити, кој ја извршуваше функцијата дикректор на...

Во пожарот во Калифорнија изгореа 600 куќи

Најмалку 585 куќи и уште стотина други објекти изгореле во пожар кој со денови беснее во Калифорнија. Властите на оваа држава прогласија вонредна состојба, а повеќе од илјада луѓе мораа да ги напуштат домовите. Во пожарите, животот го изгуби најмалку едно лице, а 13.000 се евакуирани. Како што пренесува агенцијата „Ројтерс“, и понатаму се загрозени околу 9.000 објекти во областа...

Вонредна состојба во Калифорнија поради пожарите

Властите во Калифорнија прогласија вонредна состојба поради пожарите кои и понатаму се шират и поради кои повеќе од илјада лица морале да ги напуштат своите домови. Во пожарите, како што јавуваат пожарникарите, едно лице загина. Во моментов има 12 пожари, кои уништија стотина куќи, а силниот ветер ја отежнува работата на пожарникарите. Пожарите ги гасат повеќе од 5.000 пожарникари, а четворица се повредени...

Пет повредени во пожар во центар за бегалци во Германија

Пет лица се повредени во пожар во центар за бегалци во германскиот град Ротенбург, соопшти германската полиција, каде во текот на викендов пристигнаа околу 15.000 бегалци. Две лица добиле повреди на нозете откако скокнале од прозор за да го избегнат огнот, а тројца се хоспитализирани поради вдишување чад, соопшти портпаролот на германската полиција, Јозеф Хоенес. Пожарот избил во прифатен центар каде...

Ноќеска под Пелистер огнот проголта 10 хектари нискостеблеста шума и автомобил

Два пожари синоќа беснеја под Пелистер. Во едниот изгоре околу 10 хектари нискостеблеста шума, а во другиот се запалило вoзило „мерцедес 220“. Од противпожарната единица во Битола велат дека пожарот кај селата Цапари и Ротино е локализиран доцна во ноќта, околу 2 часот , а во другиот одделен пожар кај Кажани изорело возило. - Ситуацијата кај Цапари и Ротино беше сериозна,...

Пет повредени во пожар во центар за бегалци во Германија

Германската полиција денеска соопшти дека пет лица се повредени во пожарот во бегалскиот центар во градот Хапенхајм, во германската покраина Есен. Засега нема информации која е причината за пожарите. Портпаролката на полицијата, Кристијана Кобус, соопшти дека еден од бегалците од центарот се обидел да се спаси скокајќи низ прозорец од вториот кат, при што добил телесни повреди. Уште четири лица се повредени...

Пожар избувна на Водно

Голем пожар доцна попладнево избувна на планината Водно, во реонот на скопската општина Кисела Вода. Како што пренесуваат медиумите, огнот со голема брзина се шири, а на теренот пристигнуваат противпожарните екипи да го локализираат и да го изгаснат огнот. Порталот „Плусинфо“ јавува дека од Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопштиле дека пред половина час на местото се испратени неколку...

Француската полиција уапсила осомничен за пожарот во кој загинаа осум луѓе

Француската полиција уапсила едно лице кое е осомничено дека го предизвикало пожарот во станбена зграда во Париз, во кој утрово загинаа осум луѓе, меѓу кои и две деца, јавува „Би-Би-Си“. Медиумите, повикувајќи се на полициски извори, пренесуваат дека осомничениот, кога бил пронајден, кај себе имал свеќа и запалка, а според дел од извештаите, станувало збор за маж на околу 30-годишна...

Изгаснат пожарот во Велешко, гори шума во Зелениково

Синоќа по полноќ е локализиран пожарот кај велешкото езеро Младост, а денеска се работи на негово целосно гаснење. Како што информира утрово Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), пожарот избувна вчера во 14.15 часот, зафати насади од борова шума и се ширеше со голем интензитет. Во гаснењето биле ангажирани вработени и два авиона на Дирекцијата за заштита и спасување, 10 лица од...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...