Индонезија ќе прогласи вонредна состојба поради пожарите

Официјална Џакарта ја разгледува можноста за прогласување вонредна состојба на целата држава, поради пожарите што ја зафатија Индонезија, соопшти индонезискиот потпретседател Јусуф Кала.

– Индонезиската држава ќе ги интензивира своите напори за да се справи со пожарите, кои предизвикаа значително загадување (на воздухот) во регионот, затворање на училишта и откажувања на летови – рече Кала, додавајќи дека вонредната состојба ќе ја прогласи претседателот Јоко Видодо, кој предвреме ќе ја скрати посетата на САД.

Во справувањето со огнената стихија, покрај противпожарните служби, Индонезија ангажирала и неколку илјади војници.