fbpx

Шест лица загинаа во пожарите што беснеат во Калифорнија

-

Огромниот пожар што беснее на северот на Калифорнија однесе една жртва и билансот сега изнесува шест мртви, додека 10.000 згради се загрозени, соопштија синоќа американските власти.

Пожарот кај Ташахаре, јужно од Сан Франциско, однесе една жртва, додека пет загинале во други два пожари, исто така во Калифорнија.

Бројот на мртвите може да се золеми затоа што властите сè уште се обидуваат да влезат во сите погодени подрачја, додека во Калифорнија со шесте големи пожари се борат 9.000 пожарникари.

Само во двата пожари на исток и на север од Сан Франциско, изгореле повеќе од 2.600 згради и повеќе од 300 квадратни километри вегетација. Сегашните пожари се едни од најразорните во историјата на Калифорнија. Во централна Калифорнија, во близина на Фресна, изгореа речиси 600 квадратни километри земјиште.

Вкупната штета, според властите, може да достигне и стотина милиони долари.

Во САД горат дваесет големи пожари, кои досега уништиле 36.000 квадратни километри вегетација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...