fbpx

Во пожар во хотел во Словачка загина турист, седуммина повредени

-

Во голем пожар, кој синоќа зафати хотел во скијачкиот центар Јасна во Словачка, еден човек загина и седуммина се повредени, а од хотелот се евакуирани 137 луѓе.

Пожарот во хотелот, кој се наоѓа во Демановска долина на северот на Словачка, избил по полноќ, а вработените не успеале да спасат 61-годишен гостин, кој се задушил од густиот чад.

Во пожарот биле повредени седум лица, а четворица, меѓу кои и едно бебе, биле пренесени во болница. Пожарникарите се обидувале да го изгаснат пожарот кој зафатил седум ката од хотелот.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...