Голем пожар доцна попладнево избувна на планината Водно, во реонот на скопската општина Кисела Вода. Како што пренесуваат медиумите, огнот со голема брзина се шири, а на теренот пристигнуваат противпожарните екипи да го локализираат и да го изгаснат огнот.
Порталот „Плусинфо“ јавува дека од Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопштиле дека пред половина час на местото се испратени неколку возила на противпожарната бригада.
Според телевизијата „24 Вести“, која се повикува на информации од ЦУК, пожарот почнал да се шири околу 19.15 часот, во близина на патот што се гради кон новата населба Сончев град.
Засега нема подетални информации за обемот на пожарот и за тоа колкава површина е зафатена од огнената стихија.