fbpx
Таг: ОБСЕ

таг: ОБСЕ

Американскиот амбасадор во ОБСЕ загрижен за политичките тензии во земјава

Американскиот амбасадор во ОБСЕ, Даниел Баер, изрази загриженост за политичките тензии во земјава. - САД продолжуваат со големо внимание и со загриженост да го следат развојот на настаните во Македонија и ги повикуваат властите да искажат посветеност на владеењето на законот, почит кон слободата на изразување и кон интегритетот на демократските процеси во Македонија - порачува Баер. Американскиот амбасадор на ОБСЕ ги повикува...

ОБСЕ реагира на говорот на омраза на Миленко Неделковски

Мисијата на ОБСЕ реагирала со допис до Советот за етика во медиумите во врска со изјавата на Миленко Неделковски, дадена на настанот на „Граѓанско движење за Македонија“ на 26 февруари, во Кавадарци, како и со неговата редовна неделна емисија на телевизија „Канал 5“, извести денеска Советот преку писмено соопштение до јавноста, пренесе „Нова ТВ“. „Забелешките на Неделковски се продолжение на...

Мијатовиќ: Итна истрага за прислушувањето новинари

Претставничката за слободата на медиумите при ОБСЕ, Дуња Мијатовиќ, денеска побара итна истрага за прислушувањето новинари во Македонија, пренесе „Нова ТВ“. - Прислушување и надзор на новинари е неприфатливо. Ова дополнително ја ослабнува и онака загрозената слобода на медиумите во земјата - вели Мијатовиќ. Таа е запознаена дека на 25 февруари неколку новинари подигнаа папки од прислушувањата. - Ова е сериозна и несразмерна повреда...

Груевски и Попоски се сретнаа со Дачиќ

Премиерот Никола Груевски денеска оствари средба со првиот потпретседател на Владата на Србија и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, кој е во посета на Македонија како претседавач на ОБСЕ. На средбата присуствуваше и министерот за надворешни работи, Никола Попоски, a се разговарало за главните приоритети на ОБСЕ за време на српското претседателство. - ОБСЕ е организација која се занимава со три...

ОБСЕ: Примирјето не се почитува во Дебалцево и во Луганск

Прекинот на огнот на истокот на Украина, кој почна на полноќ, се почитува, освен во Дебалцево и во Луганск, каде сè уште има судири, соопшти шефот на мисијата на ОБСЕ, Ертугрул Апакан. Апакан посочи дека проруските сили не им дозволиле на набљудувачите на ОБСЕ да стигнат до опколениот град Дебалцево. Тие истакнале дека примирјето не се однесува на Дебалцево, најголемо...

Заев се сретна со амбасадорот на ОБСЕ во Македонија

Делегација на СДСМ, предводена од претседателот Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на ОБСЕ во Македонија, Ралф Брет, и со шефот на отсекот за политички прашања на ОБСЕ, Џемјс де Вит. Главна тема на разговорите беше актуелната состојба во Република Македонија. Претседателот Заев рече дека раководството на СДСМ внимателно ќе го води процесот на објавување на „Вистината за Македонија“, имајќи...

ОБСЕ во охридскиот разгранок на СДСМ

Претставници од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), во Охрид оствариле средба со општинското раководство на СДСМ, соопшти нивната прес-служба. Делегацијата од ОБСЕ ја предводел Давид Луф, надзорен службеник во Мисијата на ОБСЕ во Скопје, при што гостите биле запознаени со тековните активности и со проекти на разгранокот на СДСМ во Охрид и со плановите за идното партиско дејствување. -...

Иванов се сретна со претседателот на Азербејџан и со секретарот на ОБСЕ

Во рамки на учеството на 51. Минхенска безбедносна конференција, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, вчера попладне се сретна со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алијев, како и со генералниот секретар на ОБСЕ, Роберто Заниер. На средбата со претседателот Алијев е разговарано за натамошното продлабочување на билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Азербејџан, како и за унапредување на економската...

ОБСЕ: Да се спречат интернет-нападите врз новинарките

Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, истакна дека е потребна итна акција за спротиставување на сè почестите интернет-напади врз жените-новинари. Истражувањата за вознемирување и за насилство врз новинарки укажуваат дека повеќе од 25 отсто такви појави се случуваат на интернет. Утврдено е и дека жените-новинарки речиси трипати почесто се изложени на навредливи коментари на социјалната мрежа „Твитер“, отколку нивните...

Мијатовиќ: Затворањето на Кежаровски е порака за застрашувачка цензура во Македонија

Високиот претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, на својот твитер-профил напиша дека затворањето на новинарот Томислав Кежаровски е опасен преседан за слободата на медиумите во Македонија, пренесува порталот „Локално.мк“. Таа вели дека „одлуката на скопскиот суд да се испрати новинарот Кежаровски во затвор испраќа порака за застрашувачка цензура“. Завчера Апелацискиот суд Скопје го осуди новинарот Томислав Кежаровски на...

Повеќе од половина од граѓаните задоволни од работата на полицијата

Повеќе од 50 отсто од граѓаните се задоволни од работата на полицијата, а висок процент, 64,2 отсто, бележи довербата и почитувањето што граѓаните ги имаат кон чуварите на редот, покажува истражувањето на јавното мнение за полициското работење што на секои две години го прави мисијата на ОБСЕ во земјата, во соработка со Министерството за внатрешни работи. Процентот на задоволство на граѓаните од...

Заврши конференцијата на ОБСЕ, нема консензус за кризата во Украина

И покрај низата усвоени одлуки и декларации, министрите за надворешни работи на земјите-членки на ОБСЕ не постигнаа консензус за кризата во Украина, на дводневната конференција во Базел, која заврши вечерва, пренесуваат медиумите. На министерскиот совет беше означен крајот на швајцарското претседавање со ОБСЕ, кое од 1 јануари 2015 година го презема Србија. Актуелниот претседавач, шефот на швајцарската дипломатија, Дидие Буркхалтер, на...

Попоски на средба на Министерскиот совет на ОБСЕ

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, денеска во Базел, Швајцарија, ќе учествува на 21.Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа. Како што соопштија од МНР, на средбата ќе бидат разменати мислења за активностите на ОБСЕ во изминатиот едногодишен период, како и за идните правци на дејствување во сферата на трите димензии кои ги покрива ОБСЕ: политичко-воената, економската...

ОБСЕ: Ситуацијата во Источна Украина може да премине во „замрзнат конфликт“

Постои опасност од хуманитарна катастрофа и ситуацијата во Источна Украина да премине во „замрзнат конфликт“, предупреди претседателот на Постојаниот совет на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ), Томас Гремингер. Според него, очигледно е дека муниција и други воени материјали се доставуваат во Источна Украина, бидејќи на друг начин сепаратистите не би можеле да водат повеќемесечни жестоки артилериски борби.

(ВИДЕО) Пукано на конвој на ОБСЕ во Источна Украина

Униформирани лица на истокот на Украина вчера стрелаа на конвојот на меѓународните набљудувачи на Организацијата за европска безбедност и соработка, соопштија денеска од ОБСЕ. Во соопштението се наведува дека униформираните мажи двапати пукале во возилата во движење, во близина на градот Маринка, кој е под контрола на владините сили е на 15 километри западно од Донецк. „Куршумите минаа на околу два метра...

Заев и Десковска на средба со амбасадорот на ОБСЕ во Македонија

Зоран Заев  и Рената Дескоска, денеска имаа средба со амбасадорот на ОБСЕ во Македонија, Ралф Брет, и со раководителот на отсекот за политички прашања на ОБСЕ, Џејмс де Вит. На средбата се разговарало за актуелните политички случувања во земјата. - Треба да се овозможи реализација на слободната волја на граѓаните, а тоа може да се реализира само преку отворање на...

ОБСЕ: Конвои со тешко оружје се движат во Источна Украина

Набљудувачите на ОБСЕ забележале колони со воена опрема како се движат низ територијата во источниот дел на Украина, контролиран од проруските сепаратисти. Организацијата за безбедност и соработка изрази загриженост за конвојот кој се движел кон градот Донецк, во близина на Макивка. Русија негира поддршка на бунтовниците со борци и со оружје.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...