fbpx

Груевски и Попоски се сретнаа со Дачиќ

-

Премиерот Никола Груевски денеска оствари средба со првиот потпретседател на Владата на Србија и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, кој е во посета на Македонија како претседавач на ОБСЕ.

На средбата присуствуваше и министерот за надворешни работи, Никола Попоски, a се разговарало за главните приоритети на ОБСЕ за време на српското претседателство.

– ОБСЕ е организација која се занимава со три димензии: военополитичката и безбедносната, втората е економска и третата се однесува на прашањата за човековите права и за демократските институции, прашања на националните малцинства, за дискриминација итн. Многу е важно да се следи имплементацијата на она што е направено и што треба да се направи во однос на имплементацијата на Охридскиот договор. ОБСЕ е подготвена да понуди своја добра волја да посредува особено во овие политички прашања доколку, се разбира, постои такво прашање и потреба за тоа од земјата-домаќин – изјави Дачиќ по средбата со премиерот Никола Груевски.

 

Фотографијата е превземена од „Твитер“ профилот на Нкола Попоски

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...