fbpx
Таг: новинари

таг: новинари

Чавков треба да нареди поголемо полициско обезбедување на протестите

На денешната прес-конференција на МВР не беше даден конкретен одговор дали на протестот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ ќе има зголемено полициско обезбедување, по вчерашниот инцидент во кој беше нападната новинарската екипа на порталот „А1он“. Инаку, според организациската поставеност во МВР, полициското присуство и обезбедувањето протести е под надлежност на Бирото за јавна безбедност (БЈБ). За евентуално ангажирање на...

ЦРМ бара „За заедничка Македонија“ да се погрижи за безбедноста на протестите

Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) најостро го осудува вчерашниот напад на новинарите на информативниот портал „А1он“ од страна на учесници на протестот „За заедничка Македонија“ и бара брзо откривање и санкционирање на сторителите на нападот. - Колегите Александар Тодевски и Владимир Желчески совесно ја вршеле својата должност, да ја известуваат јавноста за настани од јавен интерес, и со ништо не...

Ахмети: Протестите се демократско право, но не треба да заземаат етничка и насилна димензија

Протестите се демократско право на изразување на незадоволство, но не треба да заземаат етничка и насилна димензија, истакнал лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешната средба со шведскиот амбасадор во земјава, Матс Стефансон, осудувајќи го нападот на новинарската екипа на „А1он“ на вчерашниот протест. Ахмети и Стефансон разговарале за актуелната состојба во Македонија и за преговорите меѓу политичките партии околу...

МВР повикало 12 лица на распит за нападот врз новинарите

Министерството за внатрешни работи во моментов спроведува „оперативни мерки“ врши информативни разоговори со 12 лица, повразни со вчерашниот напад на новинарската екипа „А1он“. Полицијата, како што соопшти помошник-министерот за односи со јавност на МВР, Јордан Ламановски, сè уште трага по двајцата напаѓачи на новинарите, чиј идентитет засега е непознат. Меѓу лицата со кои се вршат разговори, дел се сомничат дека...

Во знак на солидарност со нападнатите колеги, „Мета“ нема да известува од протестите

Во знак на протест поради нападот врз нашите колеги од порталот „А1он“, но и поради континуираните вербални напади врз сите новинарските екипи, новинската агенција „Мета“, придружувајќи им се и на другите медиуми, нема да известува за денешните протести на иницијативата „За заедничка Македонија“, ниту во Скопје, ниту од другите градови. Доколку на протестите се случат насилства и нови напади,...

Селмани: Сериозно се сомневаме дека зад нападите на новинари стои Груевски

Најодговорно тврдам дека сериозно се сомневаме дека зад овие напади на новинари стои лично Никола Груевски, изјави денеска претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани, по средбата со министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, во врска со вчерашниот напад на новинарската екипа на порталот „А1он“ за време на протестот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Скопје. -...

ВМРО-ДПМНЕ: Селмани лаже дека сме поврзани со нападот на новинарите

ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) дека „лаже и манипулира“ поврзувајќи ја партијата со нападот на новинарската екипа на „А1он“. „Насер Селмани молчеше и се криеше додека брутално се напаѓаа новинари, а дивите орди на СДСМ и на СОРОС демолираа цели медиуми како радиото 'Слободна Македонија'. Насер Селмани, исто како и Оливер Спасовски, цела година...

ВМРО-ДПМНЕ: Надлежните институции да ги санкционираат напаѓачите на екипата на „А1он“

ВМРО-ДПМНЕ вечерва го осуди нападот на екипата на интернет-порталот „А1он“ за време на протестот „За заедничка Македонија“ и истакна дека е крајно недемократски и непримерно да се напаѓаат медиуми и екипи поради нивното известување за настани и за случувања. „ВМРО-ДПМНЕ го осудува овој немил настан, исто како што претходно го осуди нападот на новинарската екипа на МРТ на митинг на...

Нападната екипата од „А1он“ на протестот „За заедничка Македонија“ во Скопје

Екипата на порталот „А1он“ вечерва била нападната и претепана кај Триумфалната капија за време на протестот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Петмина учесници на протестот, на крајот на собирот, ги нападнале снимателот Владимир Желчески и новинарот Александар Тодевски додека професионално го следеле настанот. Напаѓачите ја скршиле камерата на „А1он“, а Желчески и Тодевски, поради добиените повреди, се наоѓаат во...

Белата куќа забрани пристап за неколку медиуми

Белата куќа забрани новинарите од неколку медиуми да присуствуваат на неформални средби со претседателот Доналд Трамп, јавуваат светските медиуми. Администрацијата на американскиот претседател ги забранила брифинзите со новинарите на „Си-ен-ен“, „Би-би-си“,„Њујорк тајмс“, „ЛА тајмс“, „Њујорк дејли њуз“, „Дејли мејл“. Пристапот е дозволен на медиумите кои застапуваат десничарски ставови, како „Вашингтон тајмс“, „Уан америка њуз нетворк“, „Брајтбарт њуз“ и други. Главниот уредник на „Њујорк тајмс“,...

Караџовски бил фрапиран од новинарите што известувале за новиот распоред на судии

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, бил „зачуден и фрапиран“ од известувањето на новинарите за новиот годишен распоред на судии во Основниот суд Скопје 1, со кој извесен број судии што досега работеле на кривични предмети, се префрлени во прекршочното или во други оддели. - Јас сум зачуден, да не речам фрапиран, од навредливото однесување и вокабулар од тие што се...

ЗНМ ги осуди заканите на Есад Рахиќ кон новинарите

Здружението на новинарите на Македонија ги осуди заканите на поранешниот пратеник Есад Рахиќ, кој во неделата во интервју за „Телевизија 24“ ги предупреди новинарите да внимаваат што пишуваат за приведувањето на неговиот брат затоа што семејството Рахиќ има многу пријатели и не може да гарантира како ќе реагираат кога ќе ги сретнат новинарите на улица. „Ваквите непримерни изјави преставуваат директен...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ наредува напади и се заканува на новинари што не ги контролира

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение го обвини СДСМ дека „криминалци“ од редовите на оваа партија наредуваат напади врз медиуми и им се закануваат на сите новинари што не се под контрола на СДСМ и на Сорос. „Нападната беше новинарката на телевизија „Сител“, Ивона Талевска, нападнат беше новинарот Јанко Илковски, нападнат беше Дејан Николовски, Антонио Димитриевски, Бобан Нонковиќ, нападната беше новинарската екипа на „Република“,...

ЗНМ го поддржува штрајкот на новинарите на МПМ

Здружението на новинари на Македонија го поддржува штрајкот на новинарите на трите весника на издавачот „Медиа принт Македонија“ и го повикува менаџментот на компанијата веднаш да ги исполни барањата на штрајкувачкиот одбор за исплата на заостанатите плати и хонорари. „Ги потсетуваме сопствениците на МПМ дека кршењето на социјалните права на новинарите не е само прекршување на нивните работнички права, туку...

Новинарите на МПМ почнуваат со штрајк на неопределено време

Новинарите и другите медиумски работници на „Медиа принт Македонија“ (МПМ), денеска, на Денот на македонското новинарство (17 февруари), ќе стапат во штрајк на неопределено време. Штрајкот е во организација на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија (ССНМ), а одлуката неодамна ја донесоа синдикалните групи во дневните весници „Утрински весник“, „Дневник“ и „Вест“. - Ваквиот непосакуван начин на борба за...

„Орка Холдинг“ и „Интернет груп инвестмент“: Ги продадовме уделите во „Графички центар“

Компаниите „Орка Холдинг“, и „Интернет груп инвестмент“ доцна попладнево соопштија дека ги продале своите удели во „Графички центар - Скопје“ сопственикот на „Медиа Принт Македонија“ (МПМ). Во соопштенијата од двете компании се наведува дека одлуката за продажба на уделите била донесена од Управните одбори на фирмите, на 12 декември 2016 година, а биле спроведени од Централниот регистар на Република Македонија...

Одлуката на Стразбур е потврда дека сериозно се прекршува слободата на изразување

„Одлуката на Европскиот суд за човекови права е црно на бело - потврда дека во Македонија се прекршува правото на слободно изразување. Тоа е ноторен факт утврден од релевантен суд“, вели Насер Селмани, претседател на Здружението на новинари на Македонија, за одлуката на судот во Стразбур да пресуди во корист на новинарите што беа исфрлени од собраниската седница на 24 декември...

СДСМ: Пресудата на Стразбур е доказ дека власта на Груевски ги прекрши Уставот и законите

Со пресудата на Судот во Стразбур се потврди дека на 24 декември 2012 година, Владата предводена од Никола Груевски изврши грубо прекршување на законите и на Уставот на Република Македонија, се вели во соопштението на СДСМ по повод пресудата на Европскиот суд за човекови права во корист на новинарите кои физички беа отстранети од собраниската седница на т.н. „црн...

ЗНМ: Во Стразбур победи правдата за новинарите

Здружението на новинарите на Македонија денеска ја поздрави одлуката на Европскиот суд за човекови права за случајот „Селмани и други против Република Македонија“, поврзана со настаните од 24 декември 2012 година или т.н. „црн понеделник“, кога новинарите беа насилно избркани од галеријата на Собранието на Република Македонија. „Пресудата на Европскиот суд констатира повреда на две права гарантирани со Европската конвенција за...

Стразбур одлучил во корист на новинарите кои беа исфрлени на „црниот понеделник“

Европскиот суд за човекови права и слободи одлучил во корист на новинарите Насер Селмани, Наташа Стојановска, Фросина Факова, Снежана Лупевска, Билјана Богдановска и Тони Ангеловски, кои физички беа отстранети од собраниската седница за време на носењето на буџетот на 24 декември 2012 година. Новинарите побарале отштета од 5.000 евра секој, при што Владата ги оспорила овие барања како неосновани и прекумерни....

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...