fbpx
Таг: НАТО

таг: НАТО

Борис Џонсон ја одложи посетата на Русија

Шефот на британската дипломатија, Борис Џонсон ја одложи посетата на Русија поради промена на датумот за одржување на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО. Џонсон требаше за време на посетата на Москва, прва во последните пет години, да разговара со руските власти за разликите помеѓу двете земји во врска со Сирија и Украина. Според зборовите на...

Србија го одбележува Денот на сеќавање на жртвите во бомбардирањето на НАТО на СРЈ

Денеска во Србија со комеморативни собори, со полагање венци и цвеќе на спомениците на воените и на цивилните жртви, се одбележува 18-годишнината од почетокот на бомбардирањето на НАТО на тогашна Сојузна Република Југославија (СРЈ). Државната делегација на церемонијата ќе ја предводи премиерот на Србија, Александар Вучиќ. Церемонијата ќе биде одржана кај железничкиот мост во Грделичката клисура, на кој во април...

Бушати: Русија се обидува да ја блокира евроатлантската интеграција на Балканот

Шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати, во интервју за „Атлантик канал“, изјави дека Балканскиот Регион се соочува со неколку безбедносни предизвици. - Од клучно значење е САД да ја продлабочат својата посветеност на Балканот, регион кој се соочува со терористички закани и со обидот на Русија за го прошири својето влијание – рече Бучати. Тој, говорејќи за обидите на Москва да...

ЛДП: Ако ЕУ ни воведе санкции, тие да бидат за поединци, а не за сите граѓани

Либерално-демократската партија стравува и воедно предупредува дека блокирањето на евроинтеграциските процеси се најголемата закана за унитарноста на Република Македонија, се вели во соопштението на партијата по вчерашните разговори на еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, со лидерите на парламентарните политички партии во земјава. „Желбата на 75 отсто од граѓаните, Македонија да биде членка на Европската Унија и...

Трамп во мај ќе присуствува на самитот на НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуства на самитот на НАТО на 25 мај во Брисел, потврди Белата куќа. - Претседателот е нетрпелив да се сретне со своите партнери од НАТО, да го потврди нашиот цврст ангажман во НАТО и да разговара за прашања кои се пресудни за Алијансата, особено за поделбата на одговорноста на сојузниците и за улогата на НАТО во...

Заев за „Вечерњи лист“: Иванов е должен да го почитува гласот на 700.000 граѓани

„Очекувам претседателот на Собранието да биде набргу избран и да го извести Ѓорге Иванов дека во согласност со Уставот е должен веднаш да ми го даде мандатот. A потоа уверен сум дека новата влада ќе биде составена во многу покус рок отколку што предвидува Уставот и дека многу побргу ќе излезам со составот на новата реформска влада“, вели лидерот...

Тимоние: Се надевам дека Хан ќе најде добро и практично решение за кризата

Македонија треба да остане на патот кон Европската Унија и кон НАТО и за тоа е потребна одговорна влада што ќе биде способна да донесува одлуки и реформи, како и политичари со чувство за општ интерес на земјата, изјави денеска амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние, по приемот по повод Денот на франкофонијата. Тимоние рече дека се очекува да се...

Германија ги отфрли тврдењата на Трамп дека им должи пари на НАТО и на САД за одбрана

Германската министерка за одбрана, Урсула фон дер Лејен, денеска ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Германија должи „огромна сума“ пари на НАТО и на САД за одбрана, јавуваат светските агенции. „Не постои долг кон НАТО. Парите за одбрана се вложуваат во мировните мисии на Обединетите нации, во нашата европска мисија и во заедничката борба против Исламска држава“,...

Тачи до Столтенберг: Неопходна е трансформацијата на војската на Косово

Преседателот на Косово, Хашим Тачи, му испрати писмо на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, објаснувајќи му ги причините за неговите напори за трансформација на војската во земјата. Тој на Столтенберг му напиша дека чекорите што следуваат се промена на уставот и трансформирање на целите на мисијата на Безбедносните сили на Косово, што може законски да се спроведе со просто мнозинство. Понатаму,...

Столтенберг повика да се смират страстите меѓу Турција и Холандија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ги повика Турција и европските земји членки на Алијансата, да ги смират тензиите поради дипломатската криза што настана меѓу Холандија и Турција. - Ги повикувам сите сојузници на меѓусебно почитување и на умерен пристап кон решавање на тензиите – рече Столтенберг на прашање за дипломатската криза во односите на Турција со Холандија и со Германија. Тој...

Заев: Еве ја програмата, граѓаните нека се вратат дома, а Иванов нека ја оцени

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ја претстави новата програма на идната влада, која, како што рече, произлегува од предизборната програма „План за живот“ на СДСМ, но и на програмите на партиите за кои гласале мнозинството граѓани. Тој ги повика партиите - партнери во коалицијата да ја оценат, опозицијата да ја искоментира, претседателот Иванов да ја преиспита одлуката за мандатот, а граѓаните...

Москва: ЕУ, НАТО и САД продолжуваат бесрамно да вршат притисок врз Иванов

Надворешното мешање во внатрешните работи на Република Македонија добива екстремни форми, се вели во денешната изјава на министерството за надворешни работи на Русија, во кое се обвинуваат Европската Унија и НАТО дека вршат невиден притисок врз претседателот на Македонија. - Еврокомесарот Јоханес Хан, високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг,...

Москва: ЕУ и НАТО сакаат да ја наметнат платформата за уништување на Македонија

Руското министерство за надворешни работи денеска изрази загриженост за ситуацијата во Македонија и оцени дека политичката криза во земјата дополнително се продлабочува поради надворешното мешање во внатрешните работи на земјата. Во соопштението што преку „Твитер“ го сподели Амбасадата на Руската Федерација во Скопје, се наведува дека на Македонците со активна помош од ЕУ и од НАТО се обидува да им се...

Бејли: Загрижен сум дека Македонија се оддалечува од принципите на демократијата

Американскиот амбасадор Џес Бејли изрази загриженост поради новонастаната ситуација, откако претседателот Ѓорге Иванов одлучи да не му го додели мандадот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за формирање влада. „Се согласувам со еврокомесарот Јоханес Хан. Загрижен сум дека Македонија се оддалечува од принципите на демократијата и на владеењето на правото, кои се клучни вредности на НАТО“, напиша Бејли, споделувајќи ја...

Димовски до Хан: Вторпат го кршите ветувањето дека нема да се мешате

Пратеникот и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, денеска реагираше на изјавата на Јоханес Хан, од саботата, со забелешка до еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика дека „пред само десет дена во Скопје јавно кажал дека нема да се меша, а сега објавува на „Твитер“ дека претседателот Иванов треба да го даде мандатот на овој или...

Столтенберг: Собрани се потписи, очекувам властите да го исполнат следниот чекор

„По еден обид да се формира влада, а во согласност со барањата утврдени од страна на претседателот, сега се собрани доволно потписи од пратениците. Очекувам властите во Скопје да го исполнат следниот чекор во демократскиот процес“, вели во пишаната изјава генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а по повод политичките случувања во државата. Тој ги повикува сите страни на воздржаност во изјавите...

Иванов му се пожалил на Данкан за мешањето на соседите и статус кво ситуација со ЕУ и НАТО

Претседателот на држвата, Ѓорге Иванов на денешната средба со британскиот државен министер за Европа и Америка, Ален Данкан, изразил незадоволство од отсуството на јавна осуда на мешањето во внатрешни работи на Македонија од страна на некои соседни земји. На средбата, како што информираат од кабинетот на Иванов, македонскиот претседател и британскиот дипломат размениле миселња за политичката криза во земјава и...

Ахмети го информирал и Данкан за можноста ДУИ да остане во опозиција

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешната средба со британскиот државен министер за Европа и за Америка, Ален Данкан, меѓу другото, го информирал британскиот дипломат и за денешниот состанок на централното претседателство на партијата. Ахмети, како што соопштуваат од партијата, истакнал дека на состанокот ќе се разговара за можностите и за опциите на партијата, имајќи ги предвид изборните резултати, „вклучувајќи...

Попоски – Данкан: Очекуваме позициите на Британија да останат поволни за Македонија

Реформските процеси, евро-атлантските перспективи на Република Македонија и внатрешната состојба биле дел од темите на средбата помеѓу вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски, и британскиот државен министер за Европа и за Америка, Ален Данкан. Министрите, како што соопштуваат од Министерството за надворешни работи, разговарале и за билатералните односи, како и за неодамнешниот ЕУ-референдум во Обединетото Кралство и за...

Нова средба од редовните консултации на Македонија со НАТО

Нова средба од редовните билатерални консултации помеѓу Република Македонија и НАТО се одржува од претпладнево во Клубот на пратениците во Скопје. На консултациите, како што соопшти Министерството за одбрана, ќе се разговара за напредокот на одбранбените подготовки на Македонија за интеграција во Алијансата.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...