fbpx

Иванов му се пожалил на Данкан за мешањето на соседите и статус кво ситуација со ЕУ и НАТО

-

Претседателот на држвата, Ѓорге Иванов на денешната средба со британскиот државен министер за Европа и Америка, Ален Данкан, изразил незадоволство од отсуството на јавна осуда на мешањето во внатрешни работи на Македонија од страна на некои соседни земји.

На средбата, како што информираат од кабинетот на Иванов, македонскиот претседател и британскиот дипломат размениле миселња за политичката криза во земјава и можностите за нејзино надминување. Било разговарано за билатералните односи меѓу двете држави, за случувањата во Европа и Европската Унија, мигрантската криза и за состојбите во регионот.

– Во однос на НАТО, претседателот Иванов изрази разочараност поради двојните стандарди, непочитувањето на пресудата на Меѓународниот суд на правдата и владеењето на правото во случајот со Македонија. Во однос на Европската Унија, македонскиот претседател повика на деблокирање на процесот на проширување кој го мобилизира и реформира општеството. Претседателот Иванов очекува појасна поддршка од Обединетото кралство во однос на остварувањето на стратегиските цели на Република Македонија – стои во соопштението од кабинетот на Иванов за средбата.

Британскиот министер истакнал дека Обединетото кралство сака стабилна Република Македонија, и дека не сака да се меша во внатрешните работи на државата. Тој, како што се додава во соопштението, изразил разбирање за оправданиот револт од статус кво состојбата во однос на европските и евроатлантските интеграции и укажал дека ќе ја поддржат Македонија на овој план.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нов апарат за магнетна резонанца во болницата „Св. Еразмо“

Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, доби нов апарат за магнетна резонанца вреден 1,2 милиони евра, а е набавен со поддршка од Европската Унија, изјави...