fbpx
Таг: наставници

таг: наставници

Битолски средношколци со неписмени соопштенија се повикуваат на протести

„Бојкотираме за да учиме на македонски јазик, не бојкотираме за партија!“ Вака гласи повикот на социјалните мрежи со кои средношколци од повеќе училишта во Битола ги организираат своите соученици да ја прекинат наставата и да излезат на протести. Притоа, се повикуваат претседателите на класовите да прават списоци и да бележат кој сè излегол на протестите. Протестот кој беше најавен за...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане со притисоците и со злоупотребите на ученици

ВМРО-ДПМНЕ да престане со притисоците и со злоупотребите на ученици за учество на протести со националистичка реторика и на кои се шири говор на омраза, порачуваат од СДСМ. Од партијата ја повикуваат ВМРО-ДПМНЕ да престане да прави притисоци врз наставниците и директорите на училиштата и потсетуваат дека злоупотребата на ученици за политички цели е кривично дело и дека за тие што...

Омбудсманот бара веднаш да престане злоупотребата на деца во протестите

Народниот правобранител денеска повика веднаш да престане злоупотребата на деца во протестите кои се организираат деновиве. За овие случувања, како што соопштуваат од канцеларијата на Омбудсманот, тие добиле и претставки од родители. „Народниот правобранител ги предупредува сите инволвирани страни дека секоја злоупотреба на децата подлежи на санкции и укажува дека ќе ги истражи поплаките. Доколку навистина се докаже дека одредени...

Грција планира да организира часови и училишта за децата бегалци

Грчкото министерство за образование ја разгледува идејата од септември илјадници деца бегалци да се вклучат во редовната настава во грчките училишта. Министерот за образование, Никос Филис, за ова разговараше со атинскиот градоначалник Јоргос Каминис за да се воспостави соработка меѓу министерството и локалната самоуправа за вклучување на децата бегалци во грчките училишта. „Министерството е подготвено од почетокот на новата учебна година да...

Турција вработува 3.000 нови судии и обвинители и 20.000 професори

Турскиот министер за правда, Бекир Боздаг, соопшти дека 3.000 нови судии и обвинители ќе бидат именувани во Турција на местата на илјадниците државни службеници што беа отпуштени по обидот за воен пуч, извршен на 15 јули. Боздаг потврди дека владата организирала 1.500 тестирања во ноември за идни судии и обвинители и додаде дека бројот двојно ќе се зголеми поради „неодамнешните случувања“. Претходно,...

Турција: 21.000 наставници прогласени за работонеспособни

Министерство за образование на Турција денеска прогласи за работонеспособни 21.000 наставници, вработени во приватни институции. Одлуката на министерството е дел од акциите што турската влада ги презема по неуспешниот обид за државен удар на 15 јули. Претходно, Советот за високо образование побарал оставки на 1.577 декани и професори од сите универзитети во земјата, a министерството за образование соопшти дека отпушти од работа...

Директор на основно училиште во Боговиње обвинува дека е бесправно разрешен

Емран Имери, кој неодамна беше сменет од функцијата директор на Основното училиште „Абдил Фрашери“ од Боговиње, денеска на прес-конференција обвини дека градоначалникот на Општинаta, Хазби Идризи, го разрешил бесправно. - За моето разрешување нема никаква основа. Јас подолго време со градоначалникот на Боговиње комуницирав само службено. Се скаравме поради вработувања на мои и на негови блиски роднини. Потоа ни се расипаа...

Екстерно тестирање: Многу стрес, дискутабилна објективност

Утре (10 јуни) завршува екстерното тестирање за учебната 2015-2016 година, кое почна на 7 јуни. Државниот испитен центар соопшти дека во оваа сесија ќе бидат опфатени 178.648 ученици од основните и од средните училишта, кои ќе бидат тестирани по 1.972 предмети. Учениците се тестираат по два предмета, а за кои предмети ќе бидат тестирани дознаваат три дена пред полагањето. Поради уписите во...

Омбудсман: Изборите не смеат да ги поместат матурата и екстерното тестирање

„Груба повреда на правата на учениците претставува промената на рокот за полагање на државната матура од 4 јуни на 28 мај, во услови кога редовната настава за матурантите завршува на 20 мај. Со тоа на учениците им се скратува времето за подготовка за полагање на овој испит, со што уште еднаш се потврдува дека воопшто не се води сметка...

Изборите ги одложија и екстерното тестирање и распустот за една недела

Екстерното тестирање на учениците годинава се поместува за неколку дена подоцна поради предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни, дознава „Мета“ од наставници во основни училишта, кои вчера го добиле акцискиот план за јунската сесија. Имено, како што нè информираат наставниците, во планот стои дека екстерното тестирање ќе почне на 9 јуни, а ќе заврши на 14 јуни, што е...

По директорската битка и по труењето, сега и штрајк на наставниците во ОУ „11 Октовмри“

Наставниците во основното училиште „11 Октмври“ од денеска стапија во штрајк и не им држат настава на учениците бидејќи немаат земено плата. Ова било одлучено на состанокот на наставничкиот совет одржан вчера и потвредено на уште еден состанок одржан утринава. Иако наставниците штрајкуваат, тие сепак ги згрижуваат децата, но не им држат настава. - Седиме на часови со наставниците, но тие не...

СДСМ Битола: Власта вработува наставници со само четири наставни часа

За само четири наставни часа, власта во Битола дели вработувања на неопределно време во битолските училишта, обвини опозицијата во општинскиот Совет. Според Наташа Петровска, советник на СДСМ, училиштата се преполни со нововработени наставнци кои кусокот од часови го дополнуваат со таканаречни слободни активности. - Во нашите институции, беа доделувани решенија на неопределено работно време со само четири часа за предавање, а остатокот од...

Агрегатор на видеосодржини ќе им помага на наставниците и на учениците

Министерството за образование и наука денеска го промовираше агрегаторот на видеосодржини www.eduvideos.mon.gov.mk, преку кој се презентираат наставни содржини. На агрегаторот, како што истакна заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, наставниците и учениците од основните и од средните училишта, како и родителите, ќе може да споделуваат едукативни видеосодржини поврзани со темите од наставните програми. Закачените видеозаписи, пред да бидат одобрени за...

Почнува 16. Летен универзитет во Струга

Од денеска до 3 јули, во хотелот „Дрим“, во Струга ќе се одржи 16. Летен универзитет, во организација на Амбасадата на Франција и на Францускиот институт во Скопје. Оваа година на настанот ќе бидат понудени пет наставни модули што ќе ги водат квалификувани обучувачи, а се наменети за наставници и за професори по француски јазик од Македонија и од регионот, односно,...

Битолските наставници почнуваат со постапка за оспорување на екстерното оценување пред Уставен суд

Наставници од повеќе средни училишта во Битола ќе покренат иницијатива за оспорување на проблематичните одредби од Законот за екстерното оценување пред Уставен суд. Како што за „Мета“ тврдат професори од Средното техничко училиште во Битола, од утрово се собираат потписи за преставката што ќе треба да се достави до Уставен суд за оспорување на сите членови од Законот за образование што...

Стотина повредени во протестот на бразилските наставници

Повеќе од стотина лица се повредени во судирите меѓу полицијата и просветните работници кои во бразилскиот град Куритиба протестираат поради измената на пензискиот систем. На снимките емитувани на интернет-страницата на локалниот весник „Газета де Пово“, прикажана е полицијата како испукува солзавец кон демонстрантите кои се приближуваат до зградата на парламентот на државата Парана, каде се одржуваше гласањето за имена на пензискиот систем...

„Наставнички пленум“ на средба со Аиво Орав

Со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав, денеска ќе се сретнат претставници на „Наставнички пленум“. Тие ќе му ги презентираат нивните досегашни активности, потребата за создавање на пленумот и проблемите штпо како лавина го потресоа секторот образование. Според наставниците, игнорантскиот однос на надлежните само дополнително ја прелеал чашата кај наставниот кадар, кој и под силни притисоци и закани решил отворено да...

Битолски наставници со петиции за смена на Јаким Неделков

Наставници од неколку училишта во Битола почнале да потпишуваат петиции за смена на претседателот на СОНК, Јаким Неделков. Покрај за него, се бара морална одговорност и оставка и од почесниот претседател на СОНК, Дојчин Цветаноски. Во една од петициите потпишана од наставници, претставници на синдикатот од Техничкото училиште во Битола, се вели дека се бара оставка од Неделков поради „непочитување на...

Наставници и професори протестираа против реформите во образованието

Наставници и професорите од повеќе основни и средни училишта од Македонија денеска протестираа пред Министерството за образование и наука поради новите реформи во образованието. За време на протестот, наставниците и професорите го изразија своето незадоволство и побараа да бидат повикани на дебата за новите законски измени. Тие, исто така, побараа МОН да го запре стапувањето на сила на Законот за наставници,...

МЕСО: СОНК направи грешка со прекинување на штрајкот

Мултиетничкиот синдикат на образование (МЕСО) смета дека раководството на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) направило грешка прекинувајќи го штрајкот и оневозможувајќи да се решат многу прашања во сферата на образованието. ОД МЕСО ги оценуваат како недоволни и половични резултатите од преговорите помеѓу Министерството за образование и наука и СОНК во врска со наградувањето и казнувањето на наставниците врз...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...