fbpx

Агрегатор на видеосодржини ќе им помага на наставниците и на учениците

-

Министерството за образование и наука денеска го промовираше агрегаторот на видеосодржини www.eduvideos.mon.gov.mk, преку кој се презентираат наставни содржини.

На агрегаторот, како што истакна заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, наставниците и учениците од основните и од средните училишта, како и родителите, ќе може да споделуваат едукативни видеосодржини поврзани со темите од наставните програми.

Закачените видеозаписи, пред да бидат одобрени за гледање, ќе бидат проверни од тим во Министерството, кој ќе ја прегледува содржината и во согласност со стандардите кои важат во образованието, ќе одлучува дали ќе биде објавена или не.

Интернет-страницата во моментот има 954 видеосодржини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...