fbpx

Наставници и професори протестираа против реформите во образованието

-

Наставници и професорите од повеќе основни и средни училишта од Македонија денеска протестираа пред Министерството за образование и наука поради новите реформи во образованието.

За време на протестот, наставниците и професорите го изразија своето незадоволство и побараа да бидат повикани на дебата за новите законски измени. Тие, исто така, побараа МОН да го запре стапувањето на сила на Законот за наставници, Законот за академија и на законите за основно и средно образование и да ги укине казните и наградите на наставниците, односно професорите кои се делат врз основа на резултатите од екстерното тестирање.

Наставниците, исто така, побараа образовните инспектори да работат на терен и да не дозволат постоење на паралелки со повеќе од 24 ученици. Тие бараат и оцените од екстерното тестирање да не влијаат врз успехот на учениците, да се укине полагањето државна матура, а на нејзино место да се воведе приемен испит на факултетите. Просветните работници изразија и негодување за послдната спогодба меѓу МОН и СОНК.

Во меѓувреме, „Професорски пленум“ соопшти дека безрезервно го поддржува „Наставнички пленум“ и протестите организирани против новите законски решенија во основното и во средно образование, односно Законот за основно и средно образование, Законот за наставници и Законот за академија на наставници.

„Образовниот процес претставува круг на поврзани чекори со кои се гради, воспитува и образува ученикот и затоа, тој не смее парцијално да се менува без да се има предвид севкупноста и комплексноста на целиот систем на образование“, стои во соопштението од „Професорски пленум“.

Синдикатот за образование и наука денеска по протестот излезе со реакција во која повикува да не се политизира образованието.

„Сите што се вклучени во образованието, а најмногу учениците, студентите и наставниците треба да се спротиставуваат на секој обид за нивно користење во дневно-политички потреби на политичките партии. На споменатиот протест без никаков аргумент и со јасна намера во негативен контекст е нападната и неодамнешната спогодба помеѓу СОНК и МОН. Го отфрламе обидот за дневно-политички поени и остануваме цврсто на ставот дека спогодбата во целост ќе биде применета. Спогодбата е резултат на сложени и сериозни преговори помеѓу СОНК и МОН, а врз основа на барања прифатени од најголемиот дел од огромното членство на СОНК. На крајот ја изразуваме нашата цврста одлучност дека сите обиди за разбивање на СОНК, од која било политичка партија, нема да успеат“, стои во  реакција на СОНК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...