fbpx

Претставници на СДСМ на средби со жителите од југозападниот регион

-

Комисијата за локална самоуправа на СДСМ, во рамките на своите редовни активности, викендов е на работни средби во Битола, Кичево и во населените места од југозападниот и од пелагонискиот плански регион, соопшти партијата.

Целта на посетите, како што се наведува во соопштението, е да се согледаат моменталните состојби, како и да се направи поголема мобилизација на соодветни кадри, кои ќе можат да се справат со наталожените проблеми, на коишто институциите, како на локално, така и на државно ниво, не реагираат. Според СДСМ, ваквата состојба на функционирање на институциите генереира сè поголемо незадоволство кај граѓаните и повеќе не е дозволива.

„Од разговорите со граѓаните, следниве проблеми се најгорливи: општините се расфрлуваат со пари на граѓаните за непродуктивни цели, а за тоа никому не даваат отчет, јавни претпријатија тонат во долгови и на крајот на грејната сезона не се решени проблемите на училиштата со греењето, училиштата се во големи финансиски долгови, институциите трупаат партиски кадри наместо да се ангажираат професионалци, локалната инфраструктура во најголем дел е во распаѓање, владее урбанистички хаос, депониите стануваат сè поголем проблем и опасност за граѓаните…“, се наведува во соопштението.

Согледувајќи ги проблемите со кои се соочуваат граѓаните, целта на СДСМ, како што наведуваат од партијата, е да излезе во пресрет на граѓаните со чесна понуда, чесни и професионални луѓе и соодветни решенија.

„Во програмата на СДСМ, „Промени за нов почеток“, се наведени генералните правци и соодветни мерки што треба да се преземат за да се доведат состојбите во нормала, но преку овој начин на работа со граѓаните, ќе бидат дополнително земени предвид актуелните проблеми што се појавиле како товар за луѓето во локалните средини поради нефункционалноста на системот во целина.Нашата намера е Македонија да биде пристојно место за живеење за сите граѓани, квалитетот на живот и услугите што се нудат на граѓаните да бидат еднакво квалитетни во сите региони и населени места низ државата“, стои во соопштението и се додава дека во следниот период планирано е да се реализираат вакви посети во останатите шест плански региони во Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...