петок, 15 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: наставници | 159 резултати

Битолските наставници почнуваат со постапка за оспорување на екстерното оценување пред Уставен суд

јуни 29, 2015

Наставници од повеќе средни училишта во Битола ќе покренат иницијатива за оспорување на проблематичните одредби од Законот за екстерното оценување пред Уставен суд. Како што за „Мета“ тврдат професори од Средното техничко училиште во Битола, од утрово се собираат потписи за преставката што ќе треба да се достави до Уставен суд за оспорување на сите членови […]

Стотина повредени во протестот на бразилските наставници

април 30, 2015

Повеќе од стотина лица се повредени во судирите меѓу полицијата и просветните работници кои во бразилскиот град Куритиба протестираат поради измената на пензискиот систем. На снимките емитувани на интернет-страницата на локалниот весник „Газета де Пово“, прикажана е полицијата како испукува солзавец кон демонстрантите кои се приближуваат до зградата на парламентот на државата Парана, каде се одржуваше гласањето […]

„Наставнички пленум“ на средба со Аиво Орав

април 30, 2015

Со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав, денеска ќе се сретнат претставници на „Наставнички пленум“. Тие ќе му ги презентираат нивните досегашни активности, потребата за создавање на пленумот и проблемите штпо како лавина го потресоа секторот образование. Според наставниците, игнорантскиот однос на надлежните само дополнително ја прелеал чашата кај наставниот кадар, кој и под силни притисоци […]

Битолски наставници со петиции за смена на Јаким Неделков

април 23, 2015

Наставници од неколку училишта во Битола почнале да потпишуваат петиции за смена на претседателот на СОНК, Јаким Неделков. Покрај за него, се бара морална одговорност и оставка и од почесниот претседател на СОНК, Дојчин Цветаноски. Во една од петициите потпишана од наставници, претставници на синдикатот од Техничкото училиште во Битола, се вели дека се бара оставка […]

Наставници и професори протестираа против реформите во образованието

март 22, 2015

Наставници и професорите од повеќе основни и средни училишта од Македонија денеска протестираа пред Министерството за образование и наука поради новите реформи во образованието. За време на протестот, наставниците и професорите го изразија своето незадоволство и побараа да бидат повикани на дебата за новите законски измени. Тие, исто така, побараа МОН да го запре стапувањето на […]

МЕСО: СОНК направи грешка со прекинување на штрајкот

март 16, 2015

Мултиетничкиот синдикат на образование (МЕСО) смета дека раководството на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) направило грешка прекинувајќи го штрајкот и оневозможувајќи да се решат многу прашања во сферата на образованието. ОД МЕСО ги оценуваат како недоволни и половични резултатите од преговорите помеѓу Министерството за образование и наука и СОНК во врска со наградувањето […]

Турција: Полицијата интервенираше на протестите на наставниците и на учениците

февруари 13, 2015

Стотици ученици и професори во Турција денеска ја бојкотираа наставата во знак на протест поради зголемените верски содржини во наставата, а полицијата во Измир употреби водени топови за да ги растури илјадата демонстранти собрани на протесниот марш. Светските агенции јавуваат дека најмалку 10 лица се уапсени во пет градови во Турција поради организираниот бојкот и поради уличниот […]

Битолски наставници: Кој направи пуч со прекинот на штрајкот?

февруари 4, 2015

Кој го направи пучот во штрајкот на СОНК е главната дилема на дел од битолските наставници, по прекинот на штрајкот. Наставници од средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ во Битола, кои од првиот ден на штрајкот беа стопроцентно солидарни, денеска се револтирани поради неодговорените прашања од страна на СОНК. Зошто СОНК го прекина штрајкот, а штрајкувачите […]

Гимназиските професори од Охрид: Забраните создаваат лицемери и духовни инвалиди

февруари 3, 2015

Професорите кои штрајкуваат во охридската гимназија „Свети Климент Охридски“, со јавен апел се обратија до родителите, учениците, колегите, сограѓаните и до целата македонска јавност, барајќи разбирање и слобода за самостојно одлучување. – Не сакаме да бидеме ни виновници, ни сосила соучесници. Едноставно, сакаме слободно да се одлучиме. И се случи она од што најмногу се […]

СОНК: Штрајкот продолжува сè додека не почнат преговорите

јануари 30, 2015

Генералниот штрајк продолжува сè додека ресорните министерства не почнат социјален дијалог со СОНК и сè додека не се договорат заеднички прифатливи решенија, е заклучокот донесен на синоќешната седница на советот на СОНК. „Советот оцени дека предлогот даден од министерот за образование и наука за прекинување на штрајкот, како услов да се продолжи со преговорите со […]

Адеми: Наставниците што штрајкуваат нема да земат плата

јануари 29, 2015

Наставниците што протестираат нема да добијат плата за јануари, рече од собраниската говорница денеска министерот за образование, Абдилаќим Адеми, одговарајќи на пратеничко прашање. – Во период на штрајк и кога се работи за нови барања врз основа на колективниот договор, член 54 алинеја 2, работодавецот е обврзан да исплаќа само придонеси за наставниците што се на штрајк. […]

Средношколците од „Орце Николов“ ги поддржуваат професорите штрајкувачи

јануари 29, 2015

Горди сме што нашето училиште е едно од неколкуте во државата што одлучи да се спротивстави на слепиот конформизам на Министерството за образование, велат средношколците од гимназијата „Орце Николов“ преку писмо упатено до нивните професори кои се вклучени во штрајкот на СОНК. „Ни помогнаа кога најмногу ни беше потребно и сега дојде и нашиот ред. Немајќи […]

Родителите во Битола со петиции против заменските наставници

јануари 28, 2015

Во техничкото училиште во Битола екстерното тестирање денeска повторно доживеа дебакл. Пред 9.30 часот, се собрале триесетина ученици и пред да почне тестирањето, си заминале дома. Дел од наставниците што треба да го спроведат екстерното тестирање им довикувале да се вратат, но учениците само им кажеле дека ова е нивната порака до надлежните. – Денеска никој не […]

Екстерно: Истокот комплетно се тестира, западот делумно бојкотира

јануари 27, 2015

Генералниот штрајк на просветните работници трае, а членовите на СОНК не учествуваат во екстерното тестирање, вели Јаким Неделков, претседател на СОНК. – Штрајк има во цела Македонија. Ние одиме на работа, но не ги извршуваме работните обврски. Колегите кои се членови на СОНК се во штрајк и тие, аналогно на тоа, нема да учествуваат во […]

МОН: Дополнителни термини за тестирање на дел од учениците

јануари 26, 2015

Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар информираат дека процесот на екстерното тестирање е целосен и успешен во училиштата во Скопје, Македонски Брод, Богданци, Валандово, Берово, Виница, Делчево, Кавадарци, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Демир Хисар, Маврово – Ростуше, Липково, Штип, Свети Николе, Врапчиште, Гевгелија, Неготино, Прилеп, Охрид, Кочани, Велес, Струга, Битола, Крушево, Кратово, Центар Жупа, […]

Екстерното делумно се бојкотира, штрајкот делумно продолжува

јануари 26, 2015

Денеска почна екстерното тестирање на ученциите од трета и од четврта година во средните училишта. Поради штрајкот на СОНК, кој трае речиси една недела, во некои училишта екстерно воопшто не се спроведува, а во други го спроведуваат заменски наставници. – Во средните училишта „Зеф Љуш Марку“ и „Арсени Јовков“ има бојкот од страна на учениците […]

Неделков: В понеделник нема да се одржи екстерното тестирање

јануари 23, 2015

Штрајкот на просветните работници продолжува сè додека не се исполнат нашите барања и покрај огромните притисоци и закани, истакна лидерот на СОНК, Јаким Неделков , кој додаде дека в понеделник наставниците кои штрајкуваат нема да го спроведат предвиденото екстерно тестирање за учениците од четврта година. – Се води невидена кампања за да се прикаже дека се штрајкува само во […]

„Професорски пленум“ го поддржува СОНК

јануари 22, 2015

Професорскиот пленум изразува цврста и недвосмислена поддршка на Синдикатот за образование, наука и култура како организација и на секој негов член и членка, охрабрувајќи ги да го искористат своето уставно право на штрајк, пишува во соопштението на „Професорски пленум“. – Најостро го осудуваме секој облик на притисок, вклучувајќи ја и заканата „воведување замена“. Тоа што ова […]

Се зголемува притисокот врз битолските наставници да се вратат на работа

јануари 21, 2015

Сè поголем е притисокот врз битолските наставници да почнат со настава, тврдат за новинската агенција „Мета“, синдикалци на СОНК. Откако вчера најголем дел од наставниците во битолските основни и средни училишта се приклучија на штрајкот и не отидоа на настава, врз нив се вршеле притисоци да се откажат од нивната намера. Во Битола, Средното техничко училиште […]

Во Охрид се учи, во Струга се штрајкува

јануари 20, 2015

Во Охрид наставата се одвива нормално и вообичаено, додека во соседна Струга повеќе се штрајкува отколку што се учи. – На ниво на општина, во Струга и во сите села, со исклучок на Вевчани, според нашите согледувања, 70 проценти од наставниците и од професорите не извршуваат настава и ја почитуваат одлуката на СОНК – вели […]

Страна 7 од 8