fbpx
Таг: Крешник Бектеши

таг: Крешник Бектеши

Од следниот месец нема повеќе гарантирани цени во маркетите

Нема да продолжат гарантираните цени на производите во маркетите од следниот месец, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши за МИА. Редот во нелојалната конкуренција, Бектеши вели дека ќе се става со носењето на Законот за нефер трговски практики, кој според него ќе доведе и до намалување на цените на прехранбените производи. Очекувањата на Бектеши се ова законско решение, да...

Студентите ќе добијат ваучери за туризам, но по изборите

Ваучерите за домашен туризам што за студентите ги најавија министрите за економија, Крешник Бектеши и за образование и наука, Јетон Шаќири, ќе се делат по изборите. Вака информираа од Министерството за економија по прашањето на Мета.мк за тоа што се случи со овие ваучери што беа претставени во декември по одржана средба меѓу двајцата министри и претставници на универзитетските...

Наместо за студентите, ваучерите за туризам повторно кај работниците со ниски приходи

Министерството за економија денеска соопшти дека ќе доделува потврди-ваучери за одмор за домашен туризам за работници со ниски приходи. За оваа мерка, што четири години ги опфаќа работниците со ниски примања, претходно беше најавено дека годинава ќе биде наменета за студентите кои доаѓаат од социјално ранливи семејства, но Министерството се премисли. Јавниот повик ќе биде објавен во понеделник на 12...

Ќе се доделат над 7.000 ваучери за инвертер клими за зголемување на енергетската ефикасност

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска информираше за мерката која ќе се спроведува од страна на Министерството за економија која предвидува доделување на потврда - ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди, со цел да се зголеми енергетската ефикасност во домовите и да се заштеди електрична енергија. За оваа мерка за 2024 година предвидени се 4,1 милиони евра...

Нема одлука дека цената на струјата по Нова година ќе се зголеми за 30 проценти

Засега нема официјална одлука дали и за колку ќе се зголеми цената на струјата. Никој досега не кажал дека струјата по Нова година ќе поскапи за 30 проценти, како што се тврди во објавата што ја анализираме. Енергетските компаниите ги доставиле своите калкулации и според нив, цената на струјата би требало да се зголеми за 27 проценти. Но, ваквата...

Македонија ја претстави инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција на COP28

Северна Македонија денеска ја претстави и најави инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција со цел успешна транзиција кон ниско-јаглеродна економија и праведна транзиција на енергетскиот сектор, соопшти Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). „Платформата претставува пресвртница за земјата која е историски зависна од јаглен и ја истакнува нејзината амбиција да го трансформира својот енергетски сектор и економија во ниско-јаглеродна,...

Бектеши гарантира дека цената на струјата ќе остане иста и по 1 јануари

Министерот за економија Крешник Бектеши очекува на новиот распишан тендер за избор на универзален снабдувач со електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи да се избере конкурент со помала профитна маржа, со што би можела да се намали цената на струјата на регулираниот пазар. Актуелен универзален снабдувач е ЕВН Хоум, а наскоро ќе има нов повик за следните пет години. „Никако...

Бектеши: Следната недела нов пакет антикризни мерки, стапката на инфлација е преполовена

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска најави дека следната недела може да се очекува новиот пакет антикризни мерки. „Пакетот антикризни мерки вчера беше споделен од Министерството за финансии со Кабинетот на премиерот, со нас и со другите институции вклучени во неговото креирање. Најверојатно мерките ќе бидат објавени и ќе почнат со реализација кон средината или кон крајот на наредна недела“,...

Прехранбените производи по „гарантирана цена“ ќе се продаваат до крајот на годинава

„Гарантираната цена“ на дел од прехранбените производи ќе важи до крајот на годинава, а производителите, дистрибутерите и трговците ќе може и на акциски цени да ги продаваат земјоделските и прехранбените производи. На предлог на Министерството за економија, на денешната владина седница беше донесена Одлука за престанување на важноста на Одлуката за забрана за вршење на трговија на одредена стока, односно...

Таксата за руски гас ги вжешти политичките односи во Бугарија, Бектеши ја коригира изјавата

Жестоки политички пресметки се случуваат во Бугарија откако владата минатата недела воведе такса од 20 бугарски лева за мегават часа за пренос на руски гас низ нејзината територија. Бугарскиот претседател Румен Радев денеска пред Уставниот суд ја оспори ваква владина одлука, додека бугарскиот министер за финансии реагираше дека Радев врши срамна заштита на руската компанија „Газпром“, пренесува Медиапул.бг. Претседателот Радев...

Бектеши: Ќе бараме отштета ако Бугарија ни наметне такса за рускиот гас

Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека земјава ќе бара отштета од Бугарија и дополнителна поддршка од ЕУ доколку се воведе такса за природниот гас што се испорачува преку нејзина територија и не бидат ослободени количините гас кои се закупени од страна на „Газпром“ за С. Македонија. Реакцијата следува откако источниот сосед воведе транзитна такса за рускиот гас што преку...

Бектеши: Приоритет ни е зелената транзиција

Една од главните цели на енергетската политика на С. Македонија е привлекување на инвестиции за изградба на енергетски објекти и зголемување на искористувањето на обновливите извори на енергија односно инвестирање во зелена енергија која ќе придонесе во заштита на животната средина и ублажување на климатските промени. Ова го кажа министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на Инаугуративна конференција...

Нов Закон за забрана на нефер трговски практики – рабатот нема да смее да биде над 10 отсто

Министерот за економија Крешник Бектеши го најави новиот Закон за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, преку кој треба да се регулираат 26 нефер трговски практики. Новиот закон предвидува намалување на рабатот до максимум десет проценти на годишно ниво. Тоа, како што изјави министерот за економија, ќе ги намали цените на...

Бектеши: Царината за увоз на дел од овошјето и зеленчукот се намалува на 10 отсто

Владата на денешната седница донела одлука да се намалат царинските давачки за увоз на дел од овошјето и зеленчукот во земјава на 10 отсто, информираше претпладнево министерот за економија Крешник Бектеши во интервју за емисијата „10 минути“ на Телевизија 24. Станува збор за намалени царини за доматот, краставиците, благите и лутите пиперки, кромидот, празот, карфиолот, брокулата, главчестата салата, другата салата,...

Бектеши: Утре одлука за намалување на цените на пијалоците, за хигиенските производи ќе се прави анализа

Граѓаните да бидат спокојни. Мерките кои ги носи Владата со цел заштита на стандардот на граѓаните ќе се реализираат во целина. На следната седница на Владата ќе биде донесена одлука за намалување на цените на алкохолните и безалкохолните пијалоци, a се прави и анализа за намалување на цените на хигиенските производи, кажа министерот за економија Крешник Бектеши при денешната...

Бектеши: За 10 отсто ќе се намалат цените на алкохолните и безалкохолните пијалоци

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на својот Фејсбук профил информира дека цените на безалкохолните и алкохолните пијалоци ќе се намалат за 10 проценти во наредниот период. „Намалување на цените на безалкохолните и алкохолните пијалоци. Денеска добив неколку писма од нашите домашни производители на минерална вода, сокови, пиво кои ме известија дека доброволно се вклучуваат во кампањата “ГАРАНТИРАНА ЦЕНА” со...

Објавена листата на прехранбени производи кои поевтинуваат за 10 отсто

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница ги определи највисоките цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед. Според министерот за економија Крешник Бектеши, листата на производи во наредниот период најверојатно ќе се проширува, а со моменталната листа,...

Бектеши: Производите со намалена цена од среда ќе се продаваат со ознака „гарантирана цена“

Министерот за економија Крешник Бектеши информираше дека изготвена е листата на производи опфатени во одлуката за намалување на цените која што на предлог на Министерството за економија треба да се усвои од Владата на следната седница. Согласно предлог-одлуката трговците на мало ќе имаат обврска да ги означат цените на намалените производи со ознаката „гарантирана цена“. „Откако се направени сите анализи и...

Маркетите се согласија да ги намалат цените за 10% на над 50 прехранбени производи

Претставниците на осум синџири на маркети во Македонија се согласија од наредната недела да ги намалат цените на над 50 основни прехранбени производи за 10 отсто, информираше денеска министерот за економија Крешник Бектеши. „Имавме многу конструктивна дебата и заеднички се согласивме дека има простор за намалување на цените. Тоа како општествено одговорни претпријатија го прифатија и синџирите на супермаркети, што...

Бектеши: Ќе се забранат акции и промотивни цени во маркетите, ќе има замрзнување на цените

Ланската, кризна година најголемите синџири на маркети не само што ја завршиле позитивно, туку и со профити и зголемување на приходите, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши, и објави дека Министерството за економија испратило предлог до Владата да се воведе забрана за акциска продажба и промоција на продукти од страна на синџирите маркети до 30 ноември. „Изгледа чудна одлуката,...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...