fbpx
Таг: импичмент

таг: импичмент

Во Собранието продолжува расправата за импичмент на Иванов

Собранието на Македонија денеска треба да ја продолжи расправата за предлогот за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Македонија, поднесена од пратениците од опозицијата. Расправата за одговорноста на претседателот Ѓорге Иванов почна вчера, а минатата недела собраниска комисија ја оценуваше основаноста на предлогот поднесен од пратениците на СДСМ и на коалицијата, а поддржан од пратениците на ДУИ.

Речиси сите пратеници се пријавија да говорат за импичментот на Иванов

Почна собраниската расправа за предлогот за утврдување одговорност за претседателот Ѓорге Иванов, поднесен од СДСМ и од нивните коалициски партии, а за збор се пријавија речиси сите пратеници. Предлогот го образложи Рената Дескоска од СДСМ, која рече дека со аболиција на 56 лица, Иванов прекршил неколку членови на Уставот и за тоа треба да сноси одговорност. - Живееме во услови на...

Денеска пратениците на пленарна седница ќе расправаат за импичментот на Иванов

Денеска, во рамки на 105. седница на Собранието, пратениците ќе расправаат по предлогот на опозицијата за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов. Минатиот понеделник, комисијата за оценување на основаноста на предлогот за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија со шест гласа „за“ и со четири гласа „против“ оцени дека предлогот за импичмент е...

Од кабинетот на Иванов не одговараат на прашања со зборот на буквата „о“

„Прашањето е примено, одговор ќе добиете понатаму“, ваква реакција добивме вчера од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов на прашањето дали претседателот има намера да си поднесе оставка. Денеска од кабинетот на Иванов никој не одговара на телефонските повици. Иако двапати претседателот ја погази и ја поништи одлуката за аболиција, а во Собранието за него се води расправа за импичмент, од неговиот кабинет...

Комисијата смета дека барањето за отповикување на Иванов е неосновано

Предлогот за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов не е основан, оцени собраниската Комисија. Пратениците на СДСМ, ДУИ и на ДПА гласаа „за“, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои се мнозинство во комисијата, беа против. Но, без оглед на тоа што мнозинството смета дека нема основаност за барање одговорност од претседателот, пратениците на пленарна седница на 13 јуни ќе мора да дебатираат...

Комисијата за импичмент на Иванов денеска треба да поднесе извештај до Собранието

Денеска е последниот рок во кој Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, треба да поднесе извештај за работата и да каже дали предлогот за импичмент на Иванов е основан. Собраниската седница е закажана за 11 часот. На последната седница пратениците од СДСМ побараа претседателот на комисијата, Зоран Илиоски, да го повика Иванов...

В понеделник комисијата треба да подготви извештај за импичментот на Иванов

Пратеникот Горан Мисовски на денешната седница на Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да расправаат за мотивите заради кои Иванов ги донел одлуките за аболиција. На ова, пратениците од владејачката партија му одговорија дека немаат мандат за тоа. Според Мисовски, причините за тоа се...

Денеска продолжува седницата на комисијата за импичмент на Иванов

Денеска во 11 часот, во Собранието, треба да продолжи седницата на Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов. Пратеничката на СДСМ, Рената Дескоска, на вчерашната прва седница на Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, рече дека тој прекршил неколку основни уставни...

СДСМ бара Иванов да одговара на прашања пред комисијата за импичмент

Пратеничката на СДСМ, Рената Дескоска, на денешната прва седница на Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, рече дека тој прекршил неколку основни уставни и законски начела. Според Дескоска, Иванов за аболицијата има и политичка и правна одговорност. - Со вкупно 107 аболиции за 56 лица, Иванов ја презеде надлежноста на...

Прва седница на комисијата за импичмент на Иванов

Денеска во 11 часот, во Собранието треба да се одржи првата седница на Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов. Сè уште не се знае дали пратениците од коалицијата на СДСМ ќе учествуваат во работата на оваа комисија, затоа што тие, иако ја поднесоа иницијативата за импичмент на Иванов, на...

Утре ќе се одржи првата седница на Комисијата за импичмент на Иванов

Утре во 11 часот во Собранието треба да се одржи првата седница на Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов. Сè уште не се знае дали коалицијата на СДСМ ќе учествува во работата на оваа комисија, затоа што тие иако ја поднесоа иницијативата за импичмент на Иванов, на пленарна седница...

СДСМ на Управен суд ја оспори одлуката за формирање на комисијата за импичмент на Иванов

СДСМ денеска поднесе тужба до Управниот суд со која ја оспори одлуката за формирање на Kомисија за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов. Како што велат од партијата при формирањето на Комисијата за одговорност на Иванов, тие побарале од претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски да обезбеди спроведување на деловникот, но тој не сторил ништо. - Со оглед на тоа што Трајко...

Комисијата за импичмент на Иванов експресно заврши на Управен суд

Собранието попладнево со 52 гласа „за“ и 33 „против“ на 103 седница ја донесе одлуката за формирање Комисија за оценување на основаноста на Предлогот за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов за одлуката за аболиција, поднесен од страна на опозицијата. Во Комисијата ќе има 11 члена, 6 од ВМРО-ДПМНЕ, по два ќе имаат СДСМ и ДУИ, а ДПА ќе има...

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за импичментот на Иванов

Опозициската СДСМ и владејачката ВМРО-ДПМНЕ се судрија на денешната седница на Собранието на која се расправа за формирање на комисија за оценување на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов. Опозицијата обвини дека грубо е прекршено правото за соодветна застапеност на членовите во Комисијата за импичмент на Иванов поради тоа што минатиот петок беше изгласано апсолутно...

Комисијата за импичмент на Иванов денеска на дневен ред во Собранието

Пратениците на денешната 103. пленарна седница во Собранието треба да одлучуваат за формирање Комисија за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов, поради неговата одлука за аболиција на политичари и нивни соработници. Оваа точка не беше дел од дневниот ред, што службата за односи со јавност на Собранието, ја достави утрово до медиумите, за подоцна да биде додадена, како надополнување на агендата на...

Денеска во Собрание ќе се расправа за неколку закони по скратена постапка

Денеска во рамките на 103 седница пратениците ќе треба да расправаат повеќе предлог-закони по скратена постапка, како и за интерпелацијата за работата на претседателката на Комисијата за образование, наука и спорт, Олга Најденовска, поднесена од пратениците од опозицијата. Пратениците треба да ги разгледаат и Извештајот за работата на Агенцијата за администрација и годишните извештаи за работењето на Дирекцијата за заштита...

ВМРО-ДПМНЕ бара апсолутно мнозинство во комисијата за отповикување на Иванов

Шест од вкупно 11 членови во новата комисија која ќе треба да ја оцени основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов да бидат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, предложи Зоран Илиоски, претседател на комисијата за прашањата за изборите и именувањата. Останатите пет члена треба да бидат од СДСМ (2), од ДУИ (2) и од ДПА (1). Опозицијата...

Собраниската комисија ќе расправа дали да се формира комисија за отповикување на Иванов

Денеска на седница на комисијата за прашања на изборите и именувањата која треба да се одржи во 13 часот, пратениците ќе расправаат за предлог-одлуката за основање на Комисија која ќе треба да ја оцени основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов. Барањето за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, која ја поднесе пратеничката група...

Иницијативата за импичментот на Иванов влезе во собраниска процедура

Барањето за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов која ја поднесе пратеничката група на СДСМ досега ја потпишале вкупно 52 пратеника, што е доволно за да може да се почне процедурата за импичмент. Како што информираат од пратеничката група на опозицијата, иницијативата за импичмент на Иванов ја потпишале пратениците од СДСМ и коалиционите партнери, 16 пратеници од ДУИ, независните пратеници, Лилјана Поповска...

Величковски: Најголемите партии да поднесат заедничка иницијатива за одложување на изборите

Ако претседателот Ѓорге Иванов ја сфати штетата што ја направи со аболицијата, досега ќе ја повлечеше одлуката и ќе си поднесеше оставка, смета претседателот на Либерална партија, Ивон Величковски. „Партиите потписнички на Договорот од Пржино треба да спроведат постапка за импичмент. Иницијативата за повлекување на аболицијата треба да биде само една од точките за излез од тековната криза. Исто така,...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...