петок, 15 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: импичмент | 42 резултати

Отповикувањето на Трамп половично – претседавачот на Сенатот нема да свика седница

јануари 14, 2021

Откако вчера доцна вечер по македонско време Претставничкиот дом (Долниот дом) на Конгресот на САД со 232 гласа „за“, меѓу кои и 10 пратеници од Републиканската партија, и 197 гласа „против“ донесе одлука Трамп да биде отповикан од претседателската функција, постапката речиси сигурно нема да биде завршена и тој ќе остане на функцијата до 20 […]

Отповикувањето на Трамп изгласано во Претставничкиот дом, конечниот збор е на Сенатот

јануари 13, 2021

По неколку часа парламентарна дебата, Претставничкиот дом односно долниот дом на Конгресот на САД ја изгласа резолуцијата за отповикување (импичмент) на претседателот Доналд Трамп на помалку од една седмица пред крајот на неговиот мандат. Резолуцијата, односно одлуката, го товари првиот човек на САД за „поттикнување бунт“ за неговиот говор минатата седмица, кој доведе до насилни […]

Расте бројот на конгресмени што бараат Трамп да биде отповикан или отстранет од функцијата

јануари 7, 2021

Иако до крајот на неговиот мандат остануваат помалку од две седмици, актуелниот претседател Доналд Трамп би можел да се соочи со отстранување од функцијата во овој краток период, откако одреден број на конгресмени или сенатори од Демократската партија побараа актуелниот претседател на САД да биде отповикан или отстранет. На нив им се приклучи и еден […]

Трамп го преживеа гласањето за импичмент во Сенатот

февруари 6, 2020

Американскиот претседател Доналд Трамп го преживеа гласањето за импичмент во американскиот Сенат, добивајќи решавачка поддршка од републиканското мнозинство против двете обвинувања за злоупотреба на службената должност и за опструирање на Конгресот. Сенатот гласаше со 52 спрема 48 гласа за ослободување на претседателот Трамп од обвинувањето за злоупотреба на службената должност, како и 53 спрема 47 […]

Српски медиуми веќе го сменија Трамп!

декември 20, 2019

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, Мета.мк редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од […]

Трамп до поддржувачите: Ваша грешка ќе биде ако ме отповикаат

септември 7, 2018

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на предизборен митинг во Билингс, главниот град на државата Монтана, вчера повторно се наврати на кампањата за негово отповикување од функцијата, велејќи дека ако до тоа дојде, виновни ќе бидат неговите поддржувачи што не гласале. На митингот на Мет Розендејл, кој е противкандидат за место во Сенатот на сегашниот сенатор […]

Иванов: Го повикувам Заев веднаш да покрене импичмент, останувам на ставот за договорoт

јуни 20, 2018

Го повикувам Заев со истото двотретинско мнозинство кое е неопходно за менување на Уставот на Република Македонија, веднаш да покрене постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката, односно импичмент, се вели во реакцијата на кабинетот на претседателот, Ѓорге Иванов на како што велат „сите изнесени невистини и закани од страна на премиерот, Зоран […]

Заев најави импичмент за Иванов ако не го почитува референдумот за Договорот со Грција

јуни 20, 2018

Премиерот Зоран Заев вчера во интервју за телевизијата „Канал 5″ изјави дека е можно собраниското мнозинство да побара импичмент за претседателот Ѓорге Иванов ако не го потпише договорот со Грција откако граѓаните на референдум би се изјасниле позитивно за спогодбата. За евентуалното повторно покренување на оваа постапка, според Уставот на Република Македонија неопходни се двотретински […]

ОМД бара импичмент за Џафери, оставка на Заев и на владата и предвремени избори

март 15, 2018

Обединета македонска дијаспора (ОМД) преку соопштение до медиумите информираше дека најостро го осудува „неуставното и собраниското отстапување од деловникот“ при донесување на законот за јазици и ги повика политичките субјекти кои се произнесоа против Законот за употреба на јазиците, да поднесат собраниска иницијатива за импичмент на и така, како што велат, незаконски избраниот претседател на […]

Импичмент за Мугабе доколку не поднесе оставка до утре попладне

ноември 19, 2017

Владејачката партија на Зимбабве (ЗАНУ-ПФ) му даде рок на Роберт Мугабе, кого го смени од позицијата лидер на партијата, до утре попладне да поднесе оставка од позицијата шеф на државата. Партијата најави дека во спротивно ќе почне процедура за импичмент, односно за смена на Мугабе од претседателската функција на седницата на парламентот која е закажана за […]

Јужнокорејскиот парламент ѝ изгласа импичмент на претседателката на државата

декември 9, 2016

Парламентот на Јужна Кореја денеска ѝ изгласа импичмент на претседателката на земјата, Парк Геун-хје, со што ги суспендираше нејзините извршни овластувања поради големиот корупциски скандал, јавуваат светските медиуми. Предлогот за отповикување на претседателката го поддржале 234 пратеници, а 56 биле против, од вкупно 300 членови колку што брои јужнокорејскиот парламент. За отповикување на Парк Геун-хје […]

Нема импичмент за претседателот Иванов

јуни 21, 2016

Со 35 гласа „за“ и со 47 „против“, без воздржани, отфрлен е предлогот на опозицијата за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, за кој пратениците расправаа во пет продолженија. За предлогот да биде прифатен и да се поведе постапка за утврдување одговорност на претседателот, потребно беше двотретинско мнозинство, односно 82 од 123 пратеници да […]

Пратениците петти ден ќе расправаат за импичментот на Иванов

јуни 21, 2016

Пратениците денеска во Собранието ја продолжуваат расправата по предлогот за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, поради аболицијата од 12 април. Ова е четврто продолжение на седницата за иницијативата за импичмент на Иванов, поднесена од пратениците на СДСМ и на ДУИ. Пратениците од опозицијата сметаат дека со аболицијата на […]

Продолжува расправата за импичментот на Иванов

јуни 20, 2016

Пратениците во Собранието денеска ќе ја продолжат расправата за иницијативата за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов. Пратениците од опозицијата сметаат дека Иванов со тоа што дал аболиција на 56 лица, само придонел да се влоши политичката криза во државата, а со повлекувањето на аболицијата признал дека донел погрешна одлука и дека ѝ наштетил на државата […]

Пратениците ќе ја продолжат расправата за импичмент на Иванов в понеделник

јуни 16, 2016

Без конечен исход заврши и третиот ден од расправата во Собранието за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, а продолжението на седницата спикерот Трајко Вељаноски го закажа за понеделник. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и денеска го повторија ставот дека иницијативата на СДСМ е неоснована, додека опозицијата и пратениците од ДУИ повторно нагласија дека Иванов […]

Продолжува собраниската дебата за импичмент на Иванов

јуни 16, 2016

Собранието денеска ќе ја продолжи расправата по предлогот на опозицијата за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, поради аболицијата. Собраниската расправа за одговорноста на Иванов почна во понеделникот, откако минатата недела собраниска комисија ја оценуваше основаноста на предлогот што го поднесоа СДСМ и нивните коалициски партнери, а е поддржан од пратениците […]

Собраниската дебата за импичментот на Иванов продолжува утре

јуни 14, 2016

По денешната бурната расправа за импичментот на претседателот Ѓорге Иванов, пратениците со дискусија ќе продолжат утре. Власта и опозицијата веќе втор ден дебатираат дали Иванов треба да понесе одговорност за одлуката за помилување и нејзиното повлекување. Пратениците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, сметаат дека со дадените помилувања, Иванов  не го прекршил Уставот и законите, а опозицијата бара […]

Во Собранието продолжува расправата за импичмент на Иванов

јуни 14, 2016

Собранието на Македонија денеска треба да ја продолжи расправата за предлогот за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Македонија, поднесена од пратениците од опозицијата. Расправата за одговорноста на претседателот Ѓорге Иванов почна вчера, а минатата недела собраниска комисија ја оценуваше основаноста на предлогот поднесен од пратениците на СДСМ и на коалицијата, а поддржан […]

Речиси сите пратеници се пријавија да говорат за импичментот на Иванов

јуни 13, 2016

Почна собраниската расправа за предлогот за утврдување одговорност за претседателот Ѓорге Иванов, поднесен од СДСМ и од нивните коалициски партии, а за збор се пријавија речиси сите пратеници. Предлогот го образложи Рената Дескоска од СДСМ, која рече дека со аболиција на 56 лица, Иванов прекршил неколку членови на Уставот и за тоа треба да сноси одговорност. […]

Денеска пратениците на пленарна седница ќе расправаат за импичментот на Иванов

јуни 13, 2016

Денеска, во рамки на 105. седница на Собранието, пратениците ќе расправаат по предлогот на опозицијата за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов. Минатиот понеделник, комисијата за оценување на основаноста на предлогот за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија со шест гласа „за“ и со четири гласа „против“ оцени […]

Страна 1 од 2