fbpx

В понеделник комисијата треба да подготви извештај за импичментот на Иванов

-

Пратеникот Горан Мисовски на денешната седница на Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да расправаат за мотивите заради кои Иванов ги донел одлуките за аболиција. На ова, пратениците од владејачката партија му одговорија дека немаат мандат за тоа.

Според Мисовски, причините за тоа се вмешаноста на речиси сите членови од извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во злосторничкото здружение за кое зборувало СЈО, како и во опструкцијата на работата на ова обвинителство.

– Од денот на формирање на ВМРО, по 25 години независност, првпат партијата добива етикета на злосторничко здружување, од што сигурно се срамите. Иванов од Сараево ни испрати порака: „Немојте да крадете ќебапи и ајвар по подрумите, ќе добиете етикета дека сте сите криминалци, крадете многу пари и ќе добиете епитет дека сте политичари, а политичарите не треба да одат во затвор“ – истакна Мисоски.

Претседателот на комисијата, Зоран Илијоски од ВМРО-ДПМНЕ, му реплицираше на Мисовски, велејќи му дека кoи биле мотивите, што мислел Иванов и дали некој го натерал, не е работа на комисијата, тука дека таа треба да утврди дали има одговорност и дали ги прекршил Уставот и законите.

Потоа пратениците се вратија на дискусијата од вчера за тоа кој закон за помилување е на сила и дали членот 11 е на сила или не. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ тврдеа дека спорниот член постои, опозицијата тврдеше дека не постои и потсети дека оваа дилема може да се расчисти единствено со автентично толкување на законот. Тоа го побара СДСМ, но иницијативата сè уште е во фиока кај претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

В понеделник комисијата треба да подготви извештај и предлог-одлука за тоа дали барањето за импичмент е издржано или не. Потоа за одлуката ќе се расправа на пленарна собраниска седница, а за да помине предлогот за одговорност на Иванов, за него треба да гласаат 82 пратеници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почнаа геомеханичките испитувања за изградба на автопатите на Коридорот 8

Со активности за геомеханичко испитување на земјиштето каде ќе минува алтернативниот пат на автопатот Тетово-Гостивар денеска на терен започнаа со реализација теренските градежни работи за изградба на автопатите на...
Download WordPress Themes
Download Premium WordPress Themes Free
Download WordPress Themes Free
Download Best WordPress Themes Free Download
free online course
download micromax firmware
Download Premium WordPress Themes Free
udemy paid course free download