fbpx
Таг: холокауст

таг: холокауст

Белгискиот политичар е осуден затоа што јавно го негирал холокаустот и ширел расистички говор

Белгискиот политичар Дрис Ван Лангенхов не бил осуден само затоа што споделувал навредливи мемиња во група за разговор. Тој бил осуден за говор на омраза, за ширење расистички, нацистички и негационистички говор. Ван Лангенхов е политички активист и водач на фламанско-националистичко младинско движење наречено Schild & Vrienden, тој е осуден за поттикнување насилство и негирање на холокаустот, што во...

Пендаровски: Антисемитизмот не е и никогаш не бил македонски феномен

Антисемитизмот не е и никогаш не бил македонски феномен. На нашиот простор постоел вековен меѓуетнички и меѓурелигиски соживот, и почитување на различностите. Нема посилен доказ за ова од фактот дека голем дел од преживеаните македонски Евреи, оние кои беа спасени и ја избегнаа депортацијата, активно се вклучија во народноослободителната и антифашистичката борба на македонскиот народ. Ова вчера го истакна...

Одбележани 81 година од депортирањето на македонските Евреи во логорот „Треблинка“

Со положување цвеќе пред споменикот на 7.144 депортирани македонски Евреи во дворот на поранешниот скопски Монопол денеска во Скопје денеска се одбележуваат 81 година од депортирањето на македонските Евреи во нацистичкиот логор „Треблинка“. Овој настан во Скопје е дел од тридневната Комеморативна програма 1943-2024, во организација на Еврејската заедница во државава и на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија,...

Цитат од неонацист, лажно припишан на Волтер

Покрај лажното припишување на цитатот на неонацистот како цитат на Волтер, во постот се тврди дека Секретаријатот за родова еднаквост е еднакво со инквизицијата, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели: За да сфатите кој ве управува, едноставно откријте кого не смеете да критикувате. Секретаријатот за родова еднаквост...

Бугарски интелектуалци побараа Бугарија да ја признае одговорноста за прогонот и депортацијата на Евреите од окупираните територии

На крајот на минатиот месец, во пресрет на 80-годишнината од спасување на Евреите на територијата на Бугарија, но и на депортацијата на 7.144 Евреи од Македонија во нацистичкиот логор Треблинка во 1943 година, група бугарски интелектуалци побараа Бугарија да ја признае одговорноста за холокаустот на македонските Евреи и да се извини. Во нивниот „Повик“, што го објави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg...

Одбележувањето на 80-годишнината од холокаустот на македонските Евреи продолжува вечерва

По Маршот на живите, кој тргна од старата железничка станица до Тутунскиот комбинат, некогаш „Монопол“, во чии згради биле затворени македонските Евреи пред нивната депортација во нацистичкиот логор Треблинка и положувањата венци, цвеќе и камчиња со имињата на убиените Евреи, одбележувањето на 80 годишнината од холокаустот продолжи на градските гробишта Бутел. Со пораката „11 март 1943 - Никогаш повеќе“ и...

Пендаровски на 80-годишнината од холокаустот на македонските Евреи: Наша морална обврска е да се сеќаваме и да не забораваме

Претседателот Стево Пендаровски, на денешното одбележување на 80-годишнината од холокаустот на македонските Евреи, праша „дали ние, денешните генерации имаме право да смируваме нечија нечиста совест околу холокаустот на македонските Евреи? Дали смееме да молчиме пред историскиот ревизионизам што ги рехабилитира злосторниците и ги слави виновниците? Дали треба да заборавиме со чии потписи македонските Евреи беа систематски лишувани од нивните...

Делегација од парламентот на Израел во посета на земјава

Премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски денеска се сретнаа со делегација од Кнесетот (парламентот) на Израел, а на средбите била изразена заедничка определба за натамошно унапредување на билатералните односи во повеќе области, меѓу кои ИТ секторот и безбедноста, економијата, туризмот, земјоделството. Членовите на Кнесетот престојуваат во посета на земјава по повод одбележувањето на 80 годишнината од депортацијата на македонските...

Во Битола се одбележа 80-годишнината од холокаустот на македонските Евреи

Во Битола денеска се одржа комеморација по повод одбележувањето на 80-годишнината од холокаустот на македонските Евреи, што се одржа во Офицерскиот дом во Битола, информираат од Министерството за култура. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во своето обраќање истакна дека на 11 март, битолчани секогаш ја наведнуваат главата од почит кон своите 3.350 жители, македонски Евреи, за никогаш да не се...

Пендаровски: Ромскиот народ е нераскинлив дел од македонскиот општествен мозаик

Претседателот Стево Пендаровски по повод 2. август, Европскиот ден на сеќавање за холокаустот врз Ромите, упати порака во која вели дека не смее да се заборави на над 4.300 деца, жени и мажи Роми, погубени во нацистичкиот логор во Аушвиц-Биркенау. „Во тој ужасен период од историјата на сила беа закони кои го обезвреднуваа човековиот живот и вроденото достоинство на различни...

Израел вели дека Путин се извинил за изјавата на Лавров за еврејско потекло на Хитлер, а Кремљ молчи

Кремљ одби да каже дали претседателот Владимир Путин му се извинил на израелскиот премиер Нафтали Бенет за изјавата на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, дека Адолф Хитлер имал еврејско потекло, јави Ројтерс. Вчера израелскиот премиер Бенет рече дека Путин се извинил за забелешките и дека тој го прифатил извинувањето и „му се заблагодарил што го разјасни својот...

Пендаровски: Во времиња на кризи и конфликти, популистите ги хранат луѓето со страв и гнев кон послабите

Тешко е да се замисли, а уште потешко е да се опише монструозноста на Холокаустот. Ели Визел признава дека една од најголемите пречки при пишувањето на неговите лични сведоштва за Аушвиц бил самиот јазик. Тој вели дека зборовите глад, жед, страв, транспорт, селекција и оган тогаш значеле нешто друго. И заклучува дека „една рака пепел тежи повеќе од сите...

Книгата „Куферот на Хана“ од Карен Левин ги едуцира децата за холокаустот

Во спомен на жртвите на холокаустот и на кобната Кристална ноќ, која се смета за почеток на погромот и злосторството врз Евреите низ Европа, вчеравечер (9 ноември) во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија се одржа промоцијата на книгата „Куферот на Хана“ од Карен Левин, информираат од Арс Ламина. Наградуваната книга за деца „Куферот на Хана“, од канадската...

Пендаровски во Шведска на Меѓународниот форум за сеќавање на Холокаустот и борба против антисемитизмот „REMEMBER – REACT”

Претседателот Стево Пендаровски, од денеска ќе престојува во работна посета на Кралството Шведска, по повод учеството на Меѓународниот форум за сеќавање на Холокаустот и борба против антисемитизмот „REMEMBER – REACT” (Запомни – Реагирај). Денеска, 13 октомври 2021 година, Пендаровски во Малме ќе се обрати на Меѓународниот форум за сеќавање на Холокаустот и борба против антисемитизмот “REMEMBER – REACT”, на сесијата...

Меѓународен ден на сеќавање на Холокаустот: Да не се повтори никому и никогаш повеќе

Холокаустот на повеќе од шест милиони Евреи во нацистичките концентрациони логори во текот на Втората светска војна денеска со тага се одбележува во светот, со различни манифестации и пораки дека треба да се преземаат сите можни мерки да не се дозволи никогаш повеќе да не се повтори не само толкав злочин, туку и ништо слично на него. Во земјава, одбележување...

Фејсбук ќе го третира негирањето на Холокаустот како забранет говор на омраза

Фејсбук ги менува своите интерни правила со вклучување на негирањето на Холокаустот во дефиницијата на говор на омраза, откако неколку години трпеше критики дека не презема доволно силни мерки за спречување на тој облик на дезинформации. Моника Бикерт, потпретсетаделка на Фејсбук за јавни политики за содржини на 12 октомври објавила блог пост со најава дека платформата ги надградува правилата за...

Новите генерации заборавија на Холокаустот – 63 отсто од младите во САД не знаат за 6 милиони убиени Евреи

Тажни бројки за сеќавањето за масовното, систематско убивање на околу 6 милиони Евреи во текот на Втората светска војна од страна нацистичкиот режим во Германија. Анкетно истражување на 1.000 млади лица на возраст од 18 до 39 години во САД покажа дека 63 отсто од младите не знаат дека 6 милиони Евреи биле убиени за време на Холокаустот, пренесува...

Меѓународен ден на сеќавање на Холокаустот: Аушвиц низ слики

Обединетите Нации го имаат прогласено 27 јануари за Меѓународен ден на сеќавање на Холокаустот, како комеморација на геноцидот извршен врз над 6 милиони евреи и 11 милиони други жртви од страна на нацистичкиот режим и нивните сојузници. На 27 јануари 1945 година, најголемиот нацистички концентрационен логор или логор на смртта Аушвиц-Биркенау бил ослободен од Црвената Армија. Пренесувајќи дел од  оригиналните фотографиите...

Израелските медиуми задоцнија 8 години со отворањето на Меморијалниот центар на Евреите во Скопје

„Еврејската телеграфска агенција“ (Jewish Telegraphic Agency) на 11 март објави текст дека во Скопје се отвори Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, иако овој центар е отворен уште во 2011 година. Во текстот исто така пишува дека премиерот Зоран Заев присуствувал на отворањето заедно со Роберт Сингер, извршен потпретседател и главен извршен директор на Светскиот еврејски конгрес. Точно е...

Скопје, Битола и Штип одбележуваат 75-години од депортирањето на Евреите од Македонија

Со симболичниот „марш на живите“ и положување цвеќе на споменикот на 7.144 македонски Евреи кои биле депортирани во Треблинка продолжуваат сеќавањата и одбележувањето на холокаустот и заложбата за борба против антисемитизмот. Денеска пред споменикот ќе се обратат претседателката на Еврејската заедница во Македонија, Берта Романо Николиќ, премиерот Зоран Заев и неговиот бугарски колега, Бојко Борисов, по што ќе се упатат кон...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...