fbpx

Пендаровски: Во времиња на кризи и конфликти, популистите ги хранат луѓето со страв и гнев кон послабите

-

Тешко е да се замисли, а уште потешко е да се опише монструозноста на Холокаустот. Ели Визел признава дека една од најголемите пречки при пишувањето на неговите лични сведоштва за Аушвиц бил самиот јазик. Тој вели дека зборовите глад, жед, страв, транспорт, селекција и оган тогаш значеле нешто друго. И заклучува дека „една рака пепел тежи повеќе од сите приказни за тоа проколнато место“, рече претседателот Стево Пендаровски во своето обраќање на комеморативната вечер по повод одбележувањето на 79-годишнината од холокаустот на македонските Евреи, што се одржa во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. 

Тој додаде дека водени од идеологијата на омраза и презир кон слабите и ранливите, нацистите и нивните сојузници најпрво систематски ги лишувале Евреите од нивните граѓански права.

„Преку антисемитски прописи ги истиснувале на маргините на општеството, потоа ги дехуманизирале, бришејќи ја човечноста и индивидуалноста на жртвите, претварајќи ги во безлична маса. Крајната логичка последица на ваквиот морален вакуум биле логорите на смртта. Треблинка бил најголемиот од нив. За само 14 месеци, од август 1942 до септември 1943 во Треблинка биле убиени 925.000 лица. Меѓу нив се и македонските Евреи“, рече претседателот.

Во своето обраќање, претседателот Пендаровски истакна дека историјата нè учи дека во времиња на кризи и конфликти, популистите ги хранат луѓето со страв и гнев кон послабите и поранливите.

„Тука не зборувам само за антисемитизмот, туку и за сите други форми на омраза кон различните што се шират низ социјалните мрежи и медиуми насекаде во светот. Мора да се спротивставиме на секој обид за ревизионизам и негирање на вистината за Холокаустот, но и на секоја форма на омраза кон различните од нас“, порача Претседателот. 

Комеморативната вечер се одржа во рамки на програмата за одбележување на 11 март 1943 година, денот кога 7.144 македонски Евреи од Скопје, Битола и Штип беа депортирани во логорот на смртта Треблинка, претседателот Пендаровски присуствуваше и на отворањето на изложбата „Живот“, посветена на преживеаните Евреи кои се вклучија во обновата на Еврејската заедница и во изградбата на новосоздадената македонска држава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...