fbpx

Бугарски интелектуалци побараа Бугарија да ја признае одговорноста за прогонот и депортацијата на Евреите од окупираните територии

-

На крајот на минатиот месец, во пресрет на 80-годишнината од спасување на Евреите на територијата на Бугарија, но и на депортацијата на 7.144 Евреи од Македонија во нацистичкиот логор Треблинка во 1943 година, група бугарски интелектуалци побараа Бугарија да ја признае одговорноста за холокаустот на македонските Евреи и да се извини.

Во нивниот „Повик“, што го објави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg на 28 февруари годинава, групата бугарски интелектуалци бараат „сеќавањето на настаните да излезе од колосекот на шаблоните и митологизирачките мотиви, од постојаното лицитирање со припишувањето заслуги и непрекинатото бегање од одговорност, бидејќи ја одразува неизбришливата мрачна страна на слученото“.

„Со времето, овој датум натежнал од посланија и од молчење. На него, извишените зборови за доблест, благородство и смелост сожитејствуваат со агресивно одрекување на соучеството во еден мрачен чин. Државата досега не посака да најде јазик со којшто ќе ги одбележи двата нераздвојни и истовремено целосно спротивставени историски факта: спасување на животите на Евреите од предвоените територии на Бугарија и депортирањето во Треблинка (4-29 март 1943) на оние од териториите окупирани во април 1941 година“, велат авторите.

Повикуваат „бугарската држава да ја признае јавно, искрено и безусловно својата одговорност, поднесувајќи извинување за прогонот и за депортирањето на Евреите во годините на Втората светска војна“.

Тие велат дека таквиот морален чин на никаков начин не би поставил колективна вина врз целото воено поколение, а уште помалку пак врз идните.

„Напротив, тој би бил знак за зрелост и цивилизираност, заслужено поклонување пред невините жртви и израз на почит кон оние што реално придонеле за спасувањето на многу човечки животи“, се посочува во Повикот на бугарските интелектуалци.

Северна Македонија денеска со три настана го одбележува сеќавањето на 7.144 Евреи од македонска територија, кои од 11 март 1943 година од Скопје со товарни вагони се однесени во нацистичкиот концентрационен логор Треблинка, каде што се брутално убиени.

Одбележувањето на 80-годишнината од холокаустот на македонските Евреи продолжува вечерва

Автори на овој проглас се Румен Аврамов, економист и историчар; Александар Везенков, историчар; доц. Стефан Дечев, историчар; проф. Лилјана Дејанова, социолог; Стилијан Јотов, философ, но зад текстот застанаа уште десетици учени, новинари, правници и општествени личности.

Во продолжение, го пренесуваме целосниот текст на овој документ:

ПОВИК

За признавање, од бугарската држава, на нејзината одговорност во прогонот и депортирањето на Евреите во Втората светска војна

На 10 март 2023 година навршуваат 80 години од настаните нарекувани Спасување на бугарските Евреи. Со времето, овој датум натежнал од посланија и од молчење. На него, извишени зборови за доблест, благородство и смелост сожитејствуваат со агресивно одрекување на соучеството во еден мрачен чин. Државата досега не посака да најде јазик со којшто ќе ги одбележи двата нераздвојни и истовремено целосно спротивставени историски факта: спасување на животите на Евреите од предвоените територии на Бугарија и депортирањето во Треблинка (4-29 март 1943) на оние од териториите окупирани во април 1941 година.

Отсуството на мера се искажува поостро од кога било во тоналитетот прифатен од Иницијативниот комитеет за годинашните сеќавања под покровителство на Претседателот:

-Во односот кон минатото е присутна очевидна регресија дури и кон крајно тенденциозната декларација на Народното собрание по истиот повод од 8 март 2013 година.
-Поставена е задача „да се прикаже значајната улога (Во „Спасувањето“) на бугарската држава и нејзините институции „во духот на неточните тврдења дека таа никогаш, дури и во текот на војната, не ги прифаќа идеите на антисемитизмот.
-Подготовките за одбележување на годишнината е целосно насочена кон чествување на „Спасувањето“, отстапувајќи притоа од прифатениот во 2003 година од Владата поопшт назив „Ден на спасувањето на бугарските Евреи и чествување на споменот на жртвите од Холокаустот и престапите против човештвото.

Сметаме дека официјалните ставови во однос на судбината на Евреите под бугарска власт во Втората светска војна систематски страдаат од историска безсушност и природен дефицит:

-Нелегитимно присвојување од целата нација на личен морален капитал.
Преживувањето на Евреите во ‘стара Бугарија’ е резултат не на општонародно движење, туку на навремена реација (8-10 март 1943) на мал број лица. Искажаните доблести од тие луѓе се припишуваат како исконски квалитети на ‘народор’. Успешната акција се остварува по спонтани пројави на сочувство кон прогонетата еврејска заедница. Но и среде пасивност, индиферентност, бирократска реепресивна опсесија, и економски мотивиран или идеолошки вдахновен антисемитизам.
-Користење очевидно упростен и искривен приказ за ‘Спасувањето’ во политички, идеолошки и националистички дневен ред’. По 1944 година ваквото прикажување е користено за легитимирање на комунистичкиот режим, а по 1989 година, за рехабилитирање на авторитарната власт и лично на царот. Во последните години е вплеткано во односите со Северна Македонија. Констатно и илузорно е сметано за чудотворен ресурс во обиди за освежување на избледениот лик на земјата пред светот. Се користи и за ПР цели од политичари, институции и професионални сојузи. Како целост, едностраната државна меморијална политика за темата, намеерно поттикнува ‘патриотчиски“ и националистички ставови.

-‘Спасувањето на Евреите во ‘стара Бугарија“ и депортирањето од ‘новите територии’ се претставувани како целосно независни настани, придвижени од автономни сили’. Вистината е дека тие се дел од ‘единствен трофазен план’. Во октомври 1942 година, бугарските управители самостојно го донесуваат потоа неизменетото решение ‘пренесувањето’ да почне од ‘новите територии’. Во февруари 1943 година се додадени 8.000 Евреи од „старите предели’ и токму откажувањето од овие бројки е ‘Спасувањето’, прифатено како привремено откажување од општиот план. Тој е делумно реактивиран во мај со иселувањето на Евреите од Софија и неколку други градови.
-Подготвената депортација на сите Евреи под бугарска власт е само алка од „Конечното решение“ донесено во Ванзее (јануари 1942). но бугарската држава ја реализира својата замисла доброволно, усрдно и претходно, а не под германски диктат. Таа јавно ја објавува својата намера на 29 август 1942 година во ‘Државн весник’, пред воопшто да почнат разговори за ова прашање со Рајхот. Кога во септември Берлин дава инструкции на своите дипломатски служби да ги остварат соодветните контакти, во Софија тие чукаат на отворена врата: министерството за надворешни работи гордо истакнува дека ‘самото’ имало идеја да изврши иселување на Еврееите од Бугарија и дека е ‘особено израдувано од околностите дека неговите напори да го уреди сеопфатно еврејското прашање во Бугарија го привлекле вниманието на германската влада’. Предмет на последователните договори е тоа на кој начин Германија да даде логистичка ‘услуга’ за превоз преку Европа, за соодветна надомест ‘по глава’ од страна на Бугарија. Тие трошоци (вклучително транспортот до Треблинка) не наидуваат на принципиелен отпор, во ситуација кога во замена бугарската држава става рака врз имотот на депортираните и неговото распределување.

-Тезата за ограничена власт и самостојност на Бугарија на ‘новите територии’ е неоснована. Тие се дефинирани како ‘анектирани’ од страна како од пратениците во Народното собрание, така и од Сојузниците во Примирјето од 28 октомври 1944 година. Тие територии се целосно интегрирани во бугарскиот правен мир, во административната, образовната, па дури и во црковната структура. Нивното население е официјално вброено од статистичките институции кон она на државата [Бугарија, заб.прев.]. Соодветно на тоа, еврејското малцинство, според документите на Комесаријатот за еврејски прашања, се зголемува, од 48.000 на околу 61.000 луѓе, вклучително и оние со туѓо државјанство. Депортираните од ‘новите територии’ се третираат ако иселение ‘надвор од Царството’.
-Лицемерна е позата на жалење дека Бугарија сакала, но ‘не била во можност“ да ги спаси Евреите од ‘новите територии’, бидејќи тие немаат бугарско државјанство. Од една страна, желба не е искажана во ниту еден момент. Од друга, тамошните Евреи со југословенско и грчко државјанство се лишени од опцијата да примат бугарско, по сила на антисемитското законодавство, суверено прифатено уште во 1940 година, т.е. пред приклучуваето на земјата кон Тројниот пакт. Кога еврејските заедници од Македонија барале да го добијат, нивните петиции остануваат без одговор. Истовремено, Евреите од тие територии со пасоши на држави со неутрален статус или неокупирани од Тројниот пакт (италијански, шпански, унгарски, турски) не се депортирани.
-‘Спасувањето на бугарските Евреи’ не е уникатен пример во Европа. Своите Евреи не ги депортираат и други сојузници на Рајхот, како Италија, Унгарија и Финска. Во првите две држави тоа се случува дури откако тие ќе бидат делумно или целосно окупирани од Германија во 1943 и 1944 година. Уште повеќе, Италија не ги испраќа во логорите на смртта Евреите од од неа контролираните Албанија и делови на Грција и Југославија.

-Тврдењето дека бугарската држава има активен придонес за ‘Спасувањето’ е во целосно разидување со вистината. Од крајот на 1940 година, целата државна машинерија и пропаганда се впрегнати во тотална антисемитска политика. Неосновани се и во последно време зачестените обиди да се насликува „спасителна’ намера на дејствијата на тогашните институции како министерствата за војна или за надворешни работи.
-Прашање на елементарна правичност и такт е истакнувањето дека спасувањето доаѓа од спасувања, а не од спасувачот. Тука се случува спротивното: Бугари се самовеличаат и се поттикнува еврејската заедница да посведочи вечно признание.

Спротивно на кај нас присутното сфаќање, преживувањето на поголемиот дел на Евреите под бугарска власт ниту го брише, ниту го смалува фактот дека бугарската држава била соучесник во Холокаустот.
-Државниот антисемитизам во Бугарија во време на Втората светска војна ги осудува Евреите на граѓанска и економска смрт. А 11.343 Евреи од Беломорјето, Македонија и Пирот се испратени од бугарските власти во физичко уништување.

-Упорното избегнување на овие реалности не е ништо друго освен државен негационизам. За жал, тоа ја впишува Бугарија во ‘работната дефиниција’ во однос на негирањето и извртувањето на Холокаустот на Меѓународната алијанса за потсеќавања на Холокаустот. Според неа, за извртување се сметаат ‘свесните обиди да се оправдуваат или омаловажуваат неговите последици или неговите основни елементи, вклучително и колаборационистите и сојузниците на нацистичка Германија’. Тоа е случау иако нашата земја го има прифатено наведениот опис, кога во 2018 година стана членка на Алијансата.

Убедени сме дека денеска нашето општество има пристап до доволно информации за судбината на Евреите под бугарска власт во текот на Втората светска војна и дека е време да се погледна одново на овој важен момент од нашата историја. Ете зашто

 

ПОВИКУВАМЕ

-Сеќавањето на настаните да излезе од колосекот на шаблоните и митологизирачките мотиви, од постојаното лицитирање со припишувањето заслуги и непрекинатото бегање од одговорност, бидејќи ја одразува неизбришливата мрачна страна на слученото;
-Бугарската држава да ја признае јавно, искрено и безусловно својата одговорност, поднесувајќи извинување за прогонот и за депортирањето на Евреите во годините на Втората светска војна. Нешто што го направиле не само Германија, туку и држави како Франција или Романија, коишто минале низ поеднакво противречно минато.

Таквиот морален чин на никаков начин не би поставил колективна вина врз целото воено поколение, а уште помалку пак врз идните. Напротив, тој би бил знак за зрелост и цивилизираност, заслужено поклонување пред невините жртви и израз на почит кон оние што реално придонеле за спасувањето на многу човечки животи

Румен Аврамов, економист и историчар;
Александар Везенков, историчар;
доц. Стефан Дечев, историчар;
проф. Лилјана Дејанова, социолог;
Стилијан Јотов, философ,

20 февруари 2023

 

Повикот е поддржан и од:

Повикот е поддржан и од:

Лилјна Александриева – културен антрополог

Д-р Димитар Атанасов – историчар

Еми Барух – новинар

Д-р Димитар Бечев – политолог

Проф. Владимир Градев – философ

Проф. Маја Грекова – социолог

Јавор Грдев – режисер

Проф. Надја Данова – историчар

Проф. Румен Даскалов – историчар

Проф. Красимира Даскалова – модерна европска културна историја

Борислав Дичев – историчар

Проф. Ивајло Дичев – културен антрополог

Антонина Желјазкова – историчар, антрополог

Доц. Светлана Иванова – историчар

Проф. Кољо Коев – социолог

Проф. Даниела Колева – културолог

Проф. Светла Колева – социолог

Доц. Здравка Крстева – правник

Красимир Кнев – философ и активист за човекови права

Проф. Александар Ќосев – културолог

Дејан Ќуранов – политолог

Д-р Чавдар Маринов – исторчар

Јулиана Методиева – новинар

Д-р Мила Минева – социолог

Кети Мирчева – историк

Доц. Дијана Мишкова – историчар

Доц. Бојко Пенчев – книжевен теоретичар

Доц. Маријана Пискова – историчар и архивист

Кристина Попова – историчар

Проф. Снежана Попова – новинар и медиумски аналитичар

Доц. Даниел Смилов – политолог

Доц. Красен Станчев – философ и економист

Проф. Антони Тодоров – политолог

Проф. Христо П. Тодоров – философ

Гл. ас. Иван С. Хаџијски – хроничар на Дупничкиот крај

Проф. Албена Хранова – историчар на културата

Доц. Искра Цонева – предавач по философија

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...