Пендаровски: Антисемитизмот не е и никогаш не бил македонски феномен

Пендаровски потсети дека на 11 март, пред 81 година, Евреите од Скопје, Битола и Штип биле насилно собрани од своите домови и транспортирани во зградата на скопскиот Монопол

-

Антисемитизмот не е и никогаш не бил македонски феномен. На нашиот простор постоел вековен меѓуетнички и меѓурелигиски соживот, и почитување на различностите. Нема посилен доказ за ова од фактот дека голем дел од преживеаните македонски Евреи, оние кои беа спасени и ја избегнаа депортацијата, активно се вклучија во народноослободителната и антифашистичката борба на македонскиот народ. Ова вчера го истакна претседателот Стево Пендаровски, по повод 81 годишнината од холокаустот на македонските Евреи, кој вчеравечер се обрати на комеморацијата што се одржа во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Македонија.

„Меѓу нив има партизани, народни херои и учесници на државотворното заседание на АСНОМ. Преживеаната еврејска заедница придонесе за изградбата на слободната македонска држава. Затоа, иако е малубројна денес, еврејската заедница во Северна Македонија е високо почитувана. Вистината за нив мора да ја чуваме и да ја пренесуваме на идните поколенија. Треба да ги едуцираме нашите ученици и студенти, нашите млади за злото на антисемитизмот и за опасноста од ксенофобијата. Тоа се и обврски што како држава ги преземавме на Меѓународниот форум за холокаустот во Малме“, истакна Пендаровски.

На комеморацијата беше прикажан филмот „Монопол“ од Гал Геносар, снимен според вистинска приказна за едно македонско еврејско семејство, а свои обраќање имаа и претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви, амбасадорката на Државата Израел, Симона Франкел и германскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин.

Пендаровски потсети дека на 11 март, пред 81 година, Евреите од Скопје, Битола и Штип биле насилно собрани од своите домови и транспортирани во зградата на скопскиот Монопол.

„Живото Еврејско маало што се наоѓало на просторов на кој денеска сме собрани, за час било испразнето и запустено. Тоа не била случајна или стихијна, туку, детално испланирана и спроведена акција на бугарскиот фашистички окупатор. Акцијата не била изолиран чин, туку интегрален дел од нацистичкиот план утврден на Конференцијата во Ванзе за „конечното решение на еврејското прашање“. Планот предвидувал систематско уништување на сета еврејска популација од Европа, вклучувајќи ги и Евреите од територијата на тогашна окупирана Македонија. И ден-денес, речиси осум децении по крајот на Втората светска војна, никој не може да даде рационален одговор на прашањето како беше можно злото на холокаустот да се случи во економски најразвиениот континент, меѓу, до тогаш, најобразованата и најсофистицирана генерација“, рече претседателот.

 

„Шоунен: Херојството кое инспирира“ целодневен настан со фокус на аниме во „Лабораториум“

На 9 декември, со почеток во 14 часот, во просториите на едукативно-културниот центар Лабораториум, ќе се одржи настанот „Shōnen: Becoming The Hero“ во организација на „Пагода“, здружение кое се занимава со...

Предупредување за измами од лажни „финансиски советници“ на социјални мрежи

Секторот за внатрешни работи-Тетово ги известува граѓаните дека е забележана зголемена активност на измамници, кои преку социјалните мрежи се претставуваат како „финансиски советници“ и најчесто нудат услуги за тргување со криптовалути. Овие...

Кривична за полицаец, злоупотребил потпис на раководител на полициска станица

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди  при Министерството за внатрешни работи,  до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела...

Сè уште нема абер од ветените народни канцеларии на претседателката Сиљановска

Сиљановска-Давкова меѓу примарните цели за кои ќе се залага како претседател, ветуваше дека првото што ќе го направи ќе биде враќањето кај граѓаните преку повторно отворање на народните канцеларии. Граѓаните во...

„Шоунен: Херојството кое инспирира“ целодневен настан со фокус на аниме во „Лабораториум“

На 9 декември, со почеток во 14 часот, во просториите на едукативно-културниот центар Лабораториум, ќе се одржи настанот „Shōnen: Becoming The Hero“ во организација на „Пагода“, здружение кое се...