fbpx
Таг: донација

таг: донација

САД донираа опрема на ДЗС за справување со поплави

Амбасадата на САД во Македонија денеска на Дирекцијата за заштита и спасување ѝ донираше опрема за справување со поплави, во вредност од 30.000 американски долари. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Шабан Салиу, по повод примопредавањето на донацијата изјави дека опремата донирана од САД го дополнува системот за заштита и за спасување кој дирекцијата го добила од повеќе европски...

Нов, атрактивен дрвен мост над реката Дрим во центарот на Струга

Реката Дрим во центарот на Струга ќе ја премостува нов, атрактивен дрвен мост. Проектантска куќа од Австрија во која работат Македонци го изработи проектот, а од таму се увезени и дрвените делови. Идниот пешачки мост се монтира на местото на некогашниот мост, познат како „Мостот на Нина“, по името на некогашната општинска раководителка на Струга, а беше демонтиран пред пет години,...

Спомен-плоча во чест на научникот Михајло Пупин во Охрид

На камбанаријата покрај црквата „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид, денеска, на посебна свеченост, во рамките на одбележувањето на патрониот празник на градот, Св. Климент Охридски - Чудотворец, ќе биде откриена спомен-плоча во чест на донаторот на црковното ѕвоно, научникот со светска слава од почетокот на минатиот век - Михајло Пупин. Плочата е донација на невладиното здружение „Лајонс клуб Лихнидос“ од...

РСБПС донираше батериски ламби за сообраќајната полиција

Републичкиот совет за безбедност во патниот сообраќај (РСБПС) донираше техничка опрема, односно 35 батериски ламби, во вредност од 300.000 денари (околу 5.000 евра, н.з.), за потребите на сообраќајната полиција, соопштија денеска од Советот. Техничката опрема денеска ја промовираа дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, и претседателот на РСБПС, Стојче Стаменковски. „Примената на современата техничка опрема во процесот на управување и...

Граѓанскиот сектор може да набави софтверски решенија преку платформата „Теchsoup Balkans“

Претставници на граѓанскиот сектор може да набават софтверски решенија преку платформата „Теchsoup Balkans“ која ја спроведува Фондацијата за интернет и општество„Метаморфозис“ која е партнерска организација на програмата за софтверски донации надлежна за Македонија, Косово и Албанија. За непрофитните организации да добијат софтверска донација преку оваа платформа прво мора да се регистрираат преку линкот https://www.techsoupbalkans.org/mk/user/register. Откако ќе се заврши регистрацијата, потребно е да се...

Италијанските музеи ќе ги насочат приходите за обнова на разурнатите градови

Италијанските државни музеи апелираа на зголемена посетеност по нивната одлука целиот приход да биде пренасочен за обнова на средновековните градови разурнати од катастрофалниот земјотрес. Земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала во средата урна домови, цркви и културни ризници стари повеќе векови. Идејата е историските и уметничките дела да се санираат со приходите добиени од културното наследство од другите краеви на...

Холандија донира медицинска помош вредна повеќе од 500.000 евра

Холандската донација на медицинска помош, вредна повеќе од 500.000 евра неделава ќе пристигне во Скопје, соопшти денеска холандската амбасада во Скопје на својата официјална страница на „Фејсбук“. „Штетите во некои реони се толку големи и затоа испраќаме медицинска помош. Многу е важно овие производи да стигнат што е можно поскоро во погодените места за да се превенира состојбата, да не...

Собрани 588.415 евра на солидарната сметка на Црвен крст и од телефонските броеви

На жиро сметката на Фондот за солидарност на Црвен крст до денеска се уплатени 23.298.578 денари или 378.838 евра, а од донирањето на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400 собрани се 12.889.000  денари или 209.577 евра, или вкупно 588.415 евра. Од Црвен крст информираат дека акцијата на собирање на средствата е планирана да трае 15 дена од...

Вработените во МВР ќе донираат по 100 денари за своите колеги погодени од поплавите

Вработените во Министерството за внатрешни работи ќе донираат по 100 денари од својата месечна плата како помош за своите колеги погодени од поплавите во Скопје и околината, соопшти попладнево МВР. Според податоците, констатирани на терен од службите на МВР и на Македонскиот полициски синдикат, во поплавите оштетени бил домовите на 135 припадници на МВР. „Со цел да им се помогне...

„Продиџи“ ќе донираат за граѓаните од поплавените подрачја

Светски познатата група „Продиџи“, која на 14 август ќе настапи во Охрид, на својата „Фејсбук“ страница напиша дека ќе донира за настраданите од поплавите кои во саботата го зафатија Скопје и околината. Членовите на англиската електронска група упатија сочувство до семејствата на жртвите. „Срдечна почит за Македонците кои ги изгубија животите и беа погодени од поплавите. Ние ќе донираме во знак на солидарност на Црвениот...

Албанија ќе донира 100.000 евра за последиците од поплавите

Албанската Влада одлучи да испрати 100.000 евра за санирање на последиците од поплавите во настраданите подрачја во Македонија. Веста ја соопшти министерот за финансии Дитмир Бушати, кој додаде дека продолжуваат контактите со македонските власти за добивање информации за предизвиканите штети, со цел помошта да продолжи. - Ова е првичен фонд бидејќи македонските власти се уште немаат целосен, јасен биланс за причинетата...

Куќата на доктор Караѓозов предадена на штипскиот универзитет

Старата куќа во типичната новоселска архитектура на познатото лекарско семејство Караѓозови, денеска беше предадена во сопственост на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. По реновирањето, универзитетот таму ќе го смести Факултетот по историја и археологија. Куќата е градена во 19 век и е во прилично лоша состојба. Во неа се родил основоположникот на македонската современа хирургија, д-р Панче Караѓозов. Последните години...

„Симантек“ пристигна на Балканот, донациите достапни преку „Тексуп Балканс“

Програмата за донации на „Симантек“ (Symantec) е достапна на Балканот преку платформата за донации на софтвери „Тексуп Балканс“ (TechSoup Balkans). Програмата за донации ги предвидува софтверите „symantec enterprise“ и „symantec norton“ за квалификувани непрофитни и хуманитарни организации за земјите од Балканот, меѓу кои се Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Македонија, Албанија и Косово. Донациите на „Симантек“ вклучуваат производи кои може...

Чешка донира 740.000 евра за возила на македонската гранична полиција

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и амбасадорот на Чешката Република во земјава, Мирослав Рамеш денеска го потпишаа договорот за донација од 740.000 евра за набавка на 25 теренски возила за македонската гранична полиција. Ова е трета донација на Чешката Република за земјава, во рамките на мерките за справување со мигрантската криза. Претходните две донации беа во шатори, греалки, кревети,...

Австриска невладина организација ја помогна штипската болница

Пациентите на штипската Клиничка болница добија нови кревети со душеци, донација од невладината организација од Австрија, „Хил колде“. Болницата доби и опрема и лекови вредни 300.000 евра. Во донацијата, што денеска ја предадоа, има и апарати за ЕКГ, инвалидски колички, инкубатори, бироа, но и постелнина. Иницијатор на донацијата е Јонче Атанасов од општината Конче, кај Радовиш, кој неколкупати вршел транспорт на...

Граѓаните да не плаќаат ДДВ на сумата што ја донираат преку мобилен телефон

Граѓните да не плаќаат ДДВ на сумата што ја донираат во хуманитарни цели преку специјален број од мобилните оператори. Ова го предвидуваат последните измени и дополнувања на Законот за додадена вредност доставени до Собранието, а предлагач е Министерството за финансии. - Цените на услуги од телекомуникациски оператор со кои се овозможува донирање финансиски средства преку отворен специјален телефонски број за донации, да...

Чешка донираше опрема на МВР за Прифатниот центар за мигранти во Табановце

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, и амбасадорот на Република Чешка во земјава, Мирослав Рамеш, денеска го посетија Прифатниот центар за мигранти во Табановце и потпишаа декларација за донација за потребите на Прифатниот центар, соопшти МВР. „Донацијата се состои од 10 големи шатори со систем за греење, 150 кревети со душеци на надувување со соодветни пумпи, 150 ќебиња и 150...

Отворен нов објект во училиштето за деца со оштетен вид „Димитар Влахов“

На светскиот ден за лица со оштетен вид се отвори новиот училишен објект за учениците со оштетен вид од државаното училиште „Димитар Влахов“. Објектот е изграден и уреден со донација од европската команда на американската војска, реализирана преку Амбасадата на САД во Скопје. - Новиот објект е со површина од 463 квадратни метри и е донација на европската команда на армијата...

СДСМ има нови докази за набавката на опремата за прислушување

СДСМ има нови докази за набавката за прислушување, вели лидерот на партијата, Зоран Заев, во најавата за емисијата „Топ-тема“ на телевизијата „Телма“. Како што вели Заев во најавата за емисијата, претставниците на безбедносните служби му пристапиле и не барале од него никаква тајност. - Луѓето нè пречекаа подготвени, она што ни е нам на располагање ние би го погледнале со многу вниманние. Деталите...

Норвешка ќе донира 7,3 милиони евра на Македонија и на Србија за бегалската криза

Норвешка ќе донира 7,3 милиони евра на Македонија и на Србија за да им помогне да се справат со зголемениот прилив на бегалци, рече норвешкиот министер за надворешни работи, Борге Бранде. Бранде рече дека една половина од парите ќе ѝ бидат дадени на Србија за надградба на системи за прифаќање бегалци во пресрет на зимата, додека останатиот дел од сумата ќе...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...