fbpx

Куќата на доктор Караѓозов предадена на штипскиот универзитет

-

Старата куќа во типичната новоселска архитектура на познатото лекарско семејство Караѓозови, денеска беше предадена во сопственост на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. По реновирањето, универзитетот таму ќе го смести Факултетот по историја и археологија.

Куќата е градена во 19 век и е во прилично лоша состојба. Во неа се родил основоположникот на македонската современа хирургија, д-р Панче Караѓозов. Последните години е напуштена, откако еден период биле сместувани семјства кои немале покрив над глава. Куќата се наоѓа веднаш зад новата црква, чиј ктитор е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков.

На предавањето на донацијата, наследничката на познатиот хирург, Катерина Караѓозова, рече дека ова е начин семејството да му се оддолжи на градот, кој е познат по лекарите и по квалитетниот медицински персонал.

– Градот даде многу познати лекари стручњаци. Сакаме таа традиција да се одржи – рече Караѓозова.

Според најавите на универзитетот, за идната година се очекува почетокот на реконструкцијата, откако ќе се добијат сите дозволи, бидејќи куќата е заштитен споменик на културата.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...